Зголемен наградниот фонд за Мундијалот во Русија - Канал 5

Зголемен наградниот фонд за Мундијалот во Русија

Светската фудбалска федерација на денешната седница во Калкута донесе одлука за зголемување на наградниот фонд на Светското првенство во Русија за 42 милиони долари во однос на претходниот Мундијал.

Зголемен наградниот фонд за Мундијалот во Русија
На планетарниот собир идната година вкупниот паричен фонд е 400 милиони долари, а на претходното СП беше 358 милиони долари.

Шампионот ќе заработи 38 милиони долари, што е три милиони повеќе од Мундијалот во Бразил 2014 година. Второто место на турнирот во Русија ќе носи награда од 28 милиони, третото место ќе биде 24, а четвртиот ќе добие 22 милиони долари. Со учество во четвртфинале може да се заработи 16, а тие што ќе стигнат до осминафиналето ќе добијат 12 милиони долари.

За самото учество во групната фаза на СП 2018, ФИФА ќе додели осум милиони долари./MИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.

Силно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата.

Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс.

75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа.

Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии.

Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 7 степени ја погоди Кина

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.

Земјотрес од 7 степени ја погоди Кина

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Зголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.

Утре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.

Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.

Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер