Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО) - Канал 5

Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)

Некои ги претвориле автомобилите во печки за пица, други поставиле ражен во нив или ги претвориле во патувачки барови. 

Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)

Но, еден колекционер отишол многу подалеку и изградил Хамер кој има доволно простор за кујна, тоалет и пространа дневна соба.

Тоа е Хамер H1 X3, џин на тркала висок колку двокатна куќа и долг приближно колку голем градски автобус. Неговите димензии се приближно три пати поголеми од димензиите на стандардниот H1, кој самиот по себе не е мал автомобил, пишува Јалопник.

Овој огромен Хамер тежи повеќе од 59 тони, а неговиот ентериер повеќе личи на куќа за одмор отколку на автомобил.

Седумчлен тим го градел година и пол

Зад проектот стои милијардерот од Емиратите и колекционер на автомобили Хамад Ал Нахјан, познат и како „Шеикот на виножитото“. Тој е сопственик на една од најголемите колекции автомобили во светот, во која необични, уникатни примероци заземаат посебно место. Затоа, Хамер X3 совршено се вклопува во неговата колекција. Седумчлен тим работел на него околу година и пол.

Во возилото се влегува преку скалите што се извлекуваат и се наоѓаат под каросеријата. На долниот кат има кујна. Вратата лево води до тоалетот, додека спроти се наоѓа машинската просторија и скалите до горниот кат.

Наместо волан, има џојстик

На горниот кат има простор од приближно 60 квадратни метри со десет фотелји. Огромните прозорци нудат панорамски поглед, а завесите можат да се спуштат за приватност.

Возачкото седиште се наоѓа во задниот дел од тој кат. Опкружено е со бројни копчиња и прекинувачи, но нема класичен волан. Овој Хамер се управува со џојстик.

Со оглед на неговите димензии, видливоста е посебен предизвик. Затоа на возачот му помагаат камери што на екраните покажуваат што се случува околу возилото.

Воен транспортер е скриен под каросеријата

Под каросеријата што го имитира Хамер Х1 се наоѓа основата на поранешниот американски воен амфибиски транспортер LARC-LX. Тоа е возило наменето за транспорт на товар по копно и вода, од кое X3 ја задржал челичната структура на трупот.

Во машинската просторија има четири дизел мотори, по еден за секое тркало. Заедно тие развиваат приближно 1000 КС, што звучи импресивно сè додека не се сетите дека мора да преместат повеќе од 59 тони.

Тркалата се повисоки од човек, а секоја гума наводно чини околу 25.000 долари. И покрај големата моќност, максималната брзина е само 32 км/ч.

YouTube video

Излегува на пат со полициска придружба

Колку е голем Hummer X3 всушност најдобро се открива во деталите. Според извештаите, потребна е дигалка за подигнување на предната хауба, а бришачите на шофершајбната се огромни.

Според Јалопник, овој гигант може да се вози и по јавни патишта, но со полициска придружба. Покрај горивото за четири мотори, очигледно му треба многу слободен простор за возење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.

При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.

Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.

Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31, годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска.

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31 – годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска, и неофицијално полусвесна ја исфлил пред маркет од автомобилот. Според информациите од истрагата, приведувањето на насилникот се должи на новонастанати околности, меѓу кои е и изјавата пред обвинител попладнево на претепаната девојка. Воедно, според изворите на Канал 5 се очекува Корабоски да заврши и во притвор, откако првично, по барање на обвинителството, доби само мерки на претпазливост. Што се однесува до тоа дали ќе има преквалификација на делото нанесени „тешки телесни повредени“ во потешко дело како „обид за убиство“, републичкиот обвинител Ненад Савески, рече дека ќе зависи од доказите кои се прибираат.

„Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка.“

„Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се одслободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи.

Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека како семејство имале долга ноќ, стравувајќи за неговата сестра оти осомничениот бил пуштен. Дополнително, сподели и дел од она што Сара го поминала ноќта.

„Сара најпрво кажа дека настанало од што почнал да вози брзо. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина.“

Според семејството на Ѓорѓиоска, насилникот дивеел возејќи со огромна брзина, воедно, не ја пуштал Сара да го напушти возилото, во кое таа барала прекин на нивната врска. Набргу следел и физичкиот напад од Корабоски, за кој полицијата портврди дека бил под дејство на алкохол, измерени му биле 1,29 промили, па и за возењето во алкохолизирана состојба, потврдија од СВР, ќе добие кривична пријава.

Во меѓувреме, според информациите, пуштен е таткото на Ѓорѓиоска, кој беше приведен по пријавата на мајката на осомничениот, оти по претепувањето на неговата ќерка, според пријавеното, телефонски им се јавил и им се заканувал на целото семејство. За него според најавите, исто така ќе има постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер