Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте - Канал 5

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте

200-те повици дневно во брзата помош од граѓани кои имале проблеми, заради влошена здравствена состојба со високите температури. Најчесто се колапси, проблеми со крвниот притисок и сообраќајни незгоди. 

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте

Докторите од брза помош објаснуваат дека влошено и психичкото здравје кај граѓаните кои веќе имале здравствени психички проблеми, а кај дел од граѓаните и заради проблеми со крвниот притисок од топлото време имаат пониска концентрација и се понервозни.

Од Институт за јавно здравје со препораки до граѓаните да не се изглегува во најтоплиот период. Во случај на прегревање на телото сончаница, може да се појават симптоми како слабост, вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите. Во потешки случаи може да има има из забрзано чукаање на срецето, и губење на свест. Посебно внимателни треба се трудните жени, лицата над 60 годишна возраст и малите деца. Граѓаните да не излегуваат без вода за пиење, светла облека и зашита на главата и очите. Црвениот крст на терен во најтоплите денови во заштита на граѓаните. Тие на граѓаните им даваа вода и им кажуваа совети. Она што е важно во случај на некој да му се слоши треба да се даде прва помош и да се повика итна помош. Од Црвениот крст посебно внимаваат бездомните лица на кои им треба лекарска помош.

Граѓаните во брзање ги завршуваат обврските до пладне, иако топлото е уште рано од сабајле.

УХМР најавуваат топла работна седмица до 40 степен каде на некои места може да достигнат и над 40 степени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меган Маркл е во преговори со Нетфликс за улога во серијата „Џентлмени“ (ВИДЕО)

Меган Маркл би можела да се врати на глумата во проект на Гај Ричи. 

Меган Маркл е во преговори со Нетфликс за улога во серијата „Џентлмени“ (ВИДЕО)

Откако се појавија првите информации за понудата за улога во проектот што се снима во Велика Британија, сега е познато дека поранешната ѕвезда на серијата „Suits“ е во преговори да се приклучи на третата сезона од хит серијата на Netflix „The Gentlemen“. Извори велат дека разговорите се уште се во рана фаза, потврди Deadline.

Извори блиски до продукцијата нагласуваат дека засега сè е на ниво на шпекулации. Netflix сè уште официјално не ја потврди третата сезона од серијата со Тео Џејмс во главната улога, но продолжението се смета за многу веројатно. Втората сезона ќе има премиера на 3 септември, а изворите додаваат дека специфична улога за Меган Маркл сè уште не е дефинирана. Претставници на Netflix и Меган Маркл не сакаа да коментираат за оваа информација.

YouTube video

Стратешки потег за серијата

Иако исходот од преговорите не е сигурен, вклучувањето на Меган Маркл во серијата што се снима во Велика Британија би бил стратешки потег. Таквиот избор на актерка, познат како „кастинг за каскадери“, би привлекол големо медиумско внимание и потенцијално нови гледачи.

Соработката би се вклопила и во постоечкиот договор на Меган и принцот Хари со Netflix, за кој тие веќе развиваат голем број филмски и телевизиски проекти. Веста доаѓа кратко откако Меган и Хари, кои живеат во Калифорнија во последните шест години, објавија дека се враќаат во Велика Британија на подолг временски период.

За „Џентлмени“

Втората сезона се одвива една година откако Еди (Џејмс) и Сузи (Каја Скоделарио) стануваат партнери во меѓународната криминална империја на Боби (Реј Винстон). Додека се обидуваат да го прошират својот бизнис, одлуките на Боби стануваат сè поризични.

Еди и Сузи мора да одлучат дали да глумат или да ризикуваат да изгубат сè. Во втората сезона глумат и Даниел Ингс, Џоели Ричардсон, Вини Џонс, Џасмин Блекбороу, Мајкл Ву и други. Серијата е создадена од Гај Ричи, кој го напиша сценариото со Метју Рид. Серијата е продуцирана за Netflix од Moonage Pictures и Miramax Television.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира криза

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм.

Лукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира криза

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм, додека реакцијата на институциите е задоцнета, и во преземањето мерки, но и во делот со прскањето. Власта потфрли во менаџирањето со западнонилската треска, но и во справувањето со труењето со вода во Гостивар.

„Според статистиката од 2011 година до 2025 година ние имаме само 5 смртни случаи на западно-нилска треска. Тоа се вкупно 14 години. А сега, во многу краток временски период, имаме исто толку смртни случаи. Паралелно со сето тоа, гледаме додека нашите врвни епидемиолози даваат добронамерни совети кон граѓаните, секако и по барање на медиумите, за да се слушне, за да се разберат одредени непознаници, бидејќи ова не е нешто старо, ова е нова состојба, премиерот веднаш ги нападна дека шират одредени дезинформации“, рече Лукаревска.

Лукаревска посочи дека наместо системска превенција, од власта се слушаат различни објаснувања – од базени и канализации, до застоена вода, а на крајот и вазните на гробиштата.

„Од друга страна, слушаме изјави од владини претставници дека треба да се испразнат базените, канализациите и така натаму, застоена вода да нема, и на крајот да слушнеме дека вазните на гробиштата се исто така криви за тоа што имаме повеќе случаи за западнонилска треска“, рече Лукаревска, посочувајќи дека реакцијата е задоцнета, особено во делот на прскањето.

Но, потфрлањето не е ограничено само на западнонилската треска. Сериозен пример е и случајот со труењето со вода во Гостивар, каде што наместо единствена и транспарентна информација, граѓаните добиваат различни извештаи од различни институции.

„Многу потфрлија и во ова труење со вода во Гостивар. Значи, ние имаме 5.000 случаи, од друга страна гледаме префрлање на одговорноста кај надлежните институции, односно Министерството за здравство вели: „Јас ќе ви дадам извештај само она кое што е во мој домен“, а Агенцијата за храна и ветерина вели: „Ние ќе дадеме извештај кој што е во наш домен“, меѓутоа не можеме се и да испренесеме пред јавноста. Институтот за јавно здравје со трета приказна, четврта приказна, други институции, и така натаму. Граѓаните не се задоволни од кумулативни извештаи, или од половични извештаи, или од четвртини извештаи од секоја институција. Треба да седнат на прес-конференција, сите оние кои што се надлежни, и да ја кажат реалната состојба, макар и тоа да е најлошо, меѓутоа општеството, граѓаните, тоа мора да го знаат. Ние поднесовме кривична пријава и очекуваме дека ќе има разврска“, потенцираше Лукаревска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се нормализира состојбата со чадот во Скопје, пожарот на планината Жеден ставен под контрола

Се нормализира состојбата со чадот кој речиси во текот на целиот ден проследен со силна миризба беше присутен во Скопје, како резултат на околните пожари на Китка и на планината Жеден..

Се нормализира состојбата со чадот во Скопје, пожарот на планината Жеден ставен под контрола

Нормализирано и нивото на загадување, кое во еден момент го смести главниот град на листата на најзагадени во светот, според апликацијата Ај-Кју-Еар..

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарот на планината Жеден, над селото Бојане е ставен под целосна и контрола и дека се очекува во текот на ноќта да биде целосно изгаснат..

Активни пожари има и кај месноста Видуш, Македонски Брод, кај селото Пиперово во Општина Струмица, селото Митрашинци, беровско, селото Сушица во Општина Петровец, селото Трново во Општина Гостивар..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер