Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
2Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
Веб ТВЗевзекманија Попуст 500 евраFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Увид во градежните активности во БардовциГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци.Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично осветлување. Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата. Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа улица добива конечен, современ и функционален лик и намена. При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаМанасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законикЕдинственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик.Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на ИЗ е стравот од поразот на следнити избори. Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на ИЗ, и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори. Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат 3 циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори. Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да и наштетат на државата со ваквиот однос. За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во РА, односно во носење на реформите, а тоа што не се носи ИЗ е само вина на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција.По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 Октомври“, кој ќе биде новото седиште на СВР Скопје. Започнавме и со подготовка на документацијата за нов објект на Полициската станица Кисела Вода. Истовремено, инвестираме и во реконструкција на полициски центри и службени објекти низ државата, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници и ги зајакнуваме капацитетите на Министерството. Затоа што современата полиција не се гради само со нова опрема, туку и со современа инфраструктура, достоинствени услови за работа и институции кои се подготвени да одговорат на потребите на граѓаните. Продолжуваме да инвестираме во полицијата, затоа што подобри услови за работа значат поголема безбедност и поквалитетна услуга за секој граѓанин.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook