Драматично на аеродромот во Атланта: Повредени патници, масовно бегање по пистата (ВИДЕО) - Канал 5

Драматично на аеродромот во Атланта: Повредени патници, масовно бегање по пистата (ВИДЕО)

Четири лица се повредени откако авион на „Делта ерлајнс“ беше евакуиран на аеродром во Атланта, Џорџија, денеска наутро по локално време.

Драматично на аеродромот во Атланта: Повредени патници, масовно бегање по пистата (ВИДЕО)

Официјални лица велат дека авионот од аеродромот Хартсфилд-Џексон Атланта до Минеаполис-Сент Пол го прекинал полетувањето набргу по 9 часот наутро, поради проблеми со моторот.

Според објавата на страницата X на аеродромот во Атланта, патниците го напуштиле авионот Боинг 757-300 користејќи излези за итни случаи со лизгалки и биле префрлени на блискиот терминал.

За време на евакуацијата, четворица од 201 патник се здобиле со полесни повреди, соопштија официјални лица. Едно лице е пренесено во локална болница, додека на другите три им била укажана помош на местото на настанот.

„Ништо не е поважно од безбедноста на нашите вработени и патници, и им се извинуваме на нашите патници за нивното искуство. Нашиот фокус е да одговориме на нивните непосредни потреби и безбедно да ги стигнеме до нивните дестинации“, изјави портпаролот на „Делта ерлајнс“ за Фокс 5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗД

Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата.

Бременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗД

Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата, но и натаму е мал бројот на оние кои се охрабруваат да пријават дискримнација.

„Најголем акцент ние ставаме на бремените жени односно нивната заштита во областа на вработување кадешто Комисијата има добиено повеќе од 21 претставка во изминатите три години, претставки кои се однесуваат на дискриминација врз бремени жени кои имаат нерегулиран работен однос“-– Зекир Абдулов.

Заменик претседателот на кломисијата Абдулов вели и дека секој што бил предмет на дискриминација може да поднесе пријава онлајн или лично во Комисијата.

„Пред Комисијата граѓаните имаат можност да пријават дискриминација онлајн преку веб страната, формуларот е достапен меѓутоа сите можат да пријават и на лице место пред Комисијата со помош на асистент“, – Зекир Абдулов.

Примери за нееднаков третман се бројни, а мегу нив велат од комисијата голем дел се однесуваат на интерсекциска дискриминација, каде истовремено се преплетуваат полот, родот, бременоста и мајчинството

Во 2025 година, Комисијата утврдила вознемирување на бремена жена на работното место, која била изложена на понижувачки и сексистички коментари. Меѓу нив биле и ставови дека „жена не може да води оддел“, дека нејзиното место е дома и дека бремена жена не треба да раководи со мажи.

Од Комисијата најавуваат и иницијатива до Владата и Собранието за законски измени со кои дополнително би се заштитиле бремените работнички, особено оние со договори на определено време. Оттаму посочуваат дека со години се чека ново законско решение, додека во пракса сè уште има случаи во кои договорите не им се продолжуваат токму поради бременоста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на август

Без раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. 

Инфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на август

Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто.

Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот.

-Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%,

Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина дена

За десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози.

Доцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина дена

Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип.

Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б.

Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври.

Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер