Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
1Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
Други спортовиМакедонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за младиМакедонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.Нашата земја оваа година за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Оваа година СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови. Плазма Спортските игри за млади, покрај тоа што обезбедуваат бесплатен спорт за секое дете, ги промовираат вистинските спортски и животни вредности. Најмладите преку спортот учат да го почитуваат противникот, да се борат до последниот момент, но и достоинствено да победуваат и губат. Во центарот на сите натпревари е фер-плејот. Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронзен медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Во силна конкуренција, младиот македонски атлетичар стигна до одличен резултат и уште еднаш покажа дека Македонија има голем спортски потенцијал. Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Струмичани покажаа одлични кошаркарски вештини и со своите настапи потврдија дека се одлични „баскетџии“. На теренот беше исклучително возбудливо, а младите кошаркари покажаа и атрактивни потези кои потсетуваа на најдобрите баскет сцени. И во оваа дисциплина, во преден план беше спортскиот дух и фер-плејот. Уште пред заминувањето за Сплит беше јасно дека Македонија има сериозни адути во шахот, а тоа се потврди и на меѓународната завршница. Во женска конкуренција, Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал, додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро. Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Младите натпреварувачи уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот. Македонските „симовци“ продолжија со одличните настапи и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се закити со сребрен медал. Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп, кој заврши на третото место во машка конкуренција, и Бојана Јовевска од Пехчево, која го освои третото место во женска конкуренција. Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир. Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена. Големото финале на Плазма Спортските игри за млади е предвидено за вечерва во Сплит, а се очекува на теренот да се појават и бројните најавени спортски ѕвезди и гости, со што ќе биде ставена завршната точка на големиот спортски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоаЕкономскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти. Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти. Ова се важни показатели за структурата на растот. Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност. За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност. Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард. И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Кружен тек на Северен БулеварКружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина. Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните. Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните. При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност. Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди. „Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски. Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook