Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

На здравствена заштита и социјални бенефити Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од 9,9 проценти од БДП во земјите од ЕУ.

Од друга страна, секој наш граѓанин во 2018 година на здравствена заштита од свој џеб потрошил околу 65 евра, од кои 24 евра на лекови и помагала, а 36 евра на здравствени услуги надвор од болниците.

Според податоците на Евростат, земјите во ЕУ во просек на здравствена заштита потрошиле 9,9 проценти од БДП во 2018 година. Најмногу за здравство одвојуваат Германија – 11,5 проценти, Франција – 11,3 и Шведска со 10,9 проценти од БДП. Од друга стрна, најмалку на здравствена заштита одвојува Луксембург – 5,3 проценти и Романија – 5,6 проценти.

Но, доколку се гледа колку државите трошат на здравството по глава на жител тогаш најмногу одвојувале Данска – 5 260 евра, Луксемгург – 5 220 евра и Шведска – 5 040 евра по жител, а најмалку Романија – 580 евра и Бугарија – 590 евра по жител.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Статистичкиот годишник, вкупните расходи на здравствена заштита и социјални бенефити во 2019 година кај нас изнесувале 31 276 милиони денари или 507 милиони евра, од кои само на здравствена заштита 27 307 милиони денари или 443 милиони евра. Од нив најмногу 10 172 милиони денари биле за болнички услуги, 8 514 милиони денари за специјалистичко-консултативна заштита и 7 647 милиони денари за примарна здавствена заштита.

Ако се врзат овие податоци со БДП-то за 2019 година кое изнесувало 689 425 милиони денари или 11 195 милиони евра, тогаш излегува дека државата во 2019 година потрошила 4,5 проценти од БДП за здравствена заштита.

Според статистичките податоци, во нашата земја живеат околу 2 073 702 жители, што значи дека по глава на жител државата троши 244 евра на здравствена заштита.

Граѓаните во 2018 година на здравствена заштита потрошиле вкупно 8 023 милиони денери или 130 милиони евра, од кои на лекови и помагала – 48 милиони евра, на здравствени услуги надвор од болниците – 72 милиони евра и на здравствени услуги во болниците 9 милиони евра.

Според ДЗС, во 2018 година сме имале вкупно 8 754 здравствени работници од кои 6 329 лекари, 3 822 специјалисти, 1 862 стоматолози и 1 104 фармацевти.

Вкупниот број на болнички кревети во 2018 година изнесувал 3 243 од кои на хурургија 1 637, педијатрија 726 и гинекологија и акушерство 880. Бројот на болнички постели изнесува вкупно 8 754, од кои во општи болници – 3 969, клиники и институти – 2 034 и специјалситички болници и центри за рехабилитација – 2 671.

Македонија со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е под просекот од 5 болнички кревети на 1 000 жители во ЕУ.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

притисни ентер