НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
ФудбалВан Дајк јавно ги прозва соиграчите: Ја сакате ли воопшто титула?По елиминацијата од Аталанта во четвртфиналето на Лига Европа, избраниците на Јирген Клоп загубија чекор зад Арсенал и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата на четири кола пред крајот. Од можни четири трофеи веројатно ќе завршат само со еден во англискиот Лига куп. Арсенал има три бода предност, Сити има два меча помалку, но и бод помалку од Ливерпул и сите на Островот, вклучувајќи го и Јирген Клоп, им е јасно дека ништо не зависи од нив. Капитенот Вирџил Ван Дијк не го криеше разочарувањето во тимот и соиграчите. „Дали тие навистина сакаат да ја освојат титулата? Ако играте ваков натпревар, не добивате ниту еден дуел тогаш немаме шанси да ја освоиме титулата. Многу сум разочаран, секој мора да се погледне во огледало и да го погледне својот настап против Евертон и да размисли дали дал се од себе. Очигледно е дека мора да играме подобро против екипи кои се борат за опстанок. Ако играме како против Евертон, немаме шанси да се сметаме за кандидат за титулата, изјави капитенот на Ливерпул. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
КошаркаНов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос! Евролигата покрена дисциплинска постапка против Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откако тој на социјалните мрежи сподели содржина директно насочена кон Олимпијакос и неговиот тренер Јоргос Барцокас.Судирот меѓу двата најголеми грчки кошаркарски ривали со тоа доби нова димензија, а контроверзниот прв човек на атинските „зелени“ повторно се најде во центарот на вниманието. Јанакопулос на своите профили сподели објави и пораки што претходно беа истакнати од навивачите на Панатинаикос за време на натпреварот од Евролигата против Басконија. Нивната содржина се однесуваше на тековната истрага во Грција за сомнежи околу регуларноста на одредени кошаркарски натпревари, при што се алудираше дека Олимпијакос и неговиот тренер би можеле да бидат вмешани во целата афера. Во пораките се спомнуваа наводно местење на натпревари и „валкани пари“, што дополнително ја вжешти и онака напнатата атмосфера меѓу двата табора. Панатинаикос не остана без одговор на потегот на Евролигата, туку реагираше со официјално соопштение во кое го насочи вниманието кон ставовите на својот најголем ривал за случувањата во грчката кошарка. Атинскиот клуб потсети дека Олимпијакос своевремено го оценил изборот на Вангелис Лиолис за претседател на Грчката кошаркарска федерација како „одличен“, притоа забележувајќи дека клубот од Пиреја јавно не реагирал на она што Панатинаикос го нарекува најголем скандал во историјата на грчката кошарка. Останува да се види каква одлука ќе донесат дисциплинските органи на Евролигата и дали Јанакопулос ќе се соочи со последици поради своите објави.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Македонија„Flydubai“ повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и поширокоАвионската компанија „flydubai“ најави повторно воведување летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром Скопје (SKP), со што се воспоставува врската меѓу Дубаи и главниот град на Македонија. Линијата до Скопје, која ќе сообраќа три пати неделно почнувајќи од 01 април 2027 година, ќе овозможи патниците да имаат пристап до премиум бизнис-класата на „flydubai“ и до целокупната понуда во економската класа. Обновувањето на летовите кон Скопје го одразува континуираниот фокус на „flydubai“ врз пазарите што имале малку директни врски со Дубаи и врз зајакнување на позицијата на градот како глобален воздухопловен центар. Скопје повторно ќе има корист од директната врска со Дубаи, додека патниците од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати ќе добијат лесен пристап до една од најдинамичните и културно најбогатите дестинации на Балканот. Гаит Ал Гаит, главен извршен директор на „флајдубаи“ (flydubai),објаснува: „Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување на пазари кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Низ годините, поврзавме многу градови кои претходно имаа ограничени директни врски со Дубаи и со поширокиот свет. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност“. Исто така, Џејхун Ефенди, виш потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во flydubai, вели:„Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и на патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија. Нашите операции ќе почнат со услуга која се одвива три пати недело и уверени сме дека побарувачката ќе расте, бидејќи повеќе клиенти ќе ја искористат атрактивната понуда за застанување во Дубаи, додека се поврзуваат надвор од градот“. Во рамки на партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу flydubai и Emirates, со еднократно застанување во Дубаи преку Терминал 3, патниците кои патуваат за Скопје ќе уживаат во беспрекорен пристап до стотици дестинации во комбинираната мрежа на двата авиопревозници, притоа уживајќи во погодноста на единствена резервација и багаж регистриран директно до крајната дестинација. Патниците што патуваат од Скопје ќе можат, преку Emirates, да продолжат кон дестинации во Австралија, азиските центри како Шангај и Сингапур и кон популарни дестинации во мрежата на Flydubai, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Скопје е најновото проширување на растечката меѓународна мрежа на „флајдубаи“ (flydubai), по неодамнешното воведување летови до Бангкок во Тајланд, Бенгази во Либија и Похара во Непал, со што мрежата на „флајдубаи“ сега опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји. Македонија, една од најдобро чуваните тајни на Балканот, служи како порта кон Европа. Од впечатливите пејзажи околу Охридското Езеро и Шар Планина сè до живописната култура на кафулиња во Скопје и богатото отоманско, византиско и европско наследство во регионот, земјата ги комбинира природните убавини, културата и вредностите за патниците кои бараат нови искуства надвор од традиционалните европски метрополи. Посетителите може да ја истражат Старата чаршија со нејзиниот уникатен дух, да преминат преку знаменитиот Камен мост кон плоштадот „Македонија“ и да откријат културни атракции, меѓу кои се тврдината Кале и Спомен-куќата на Мајка Тереза. Патниците кои патуваат меѓу Дубаи и Скопје може да очекуваат удобно патување со модерната и млада флота на flydubai, која се состои од 99 авиони од типот Boeing 737. Патниците во бизнис-класата може да се релаксираат во пространи седишта што се претвораат во рамни лежаи и да уживаат во менија инспирирани од меѓународната кујна, како и во широк избор содржини за забава за време на летот. Во економската класа, патниците можат да уживаат во удобни седишта со избор на бесплатни оброци и содржини за забава во текот на целото патување. Во тек е воведување Starlink во целата флота на flydubai, со што на патниците им се овозможува бесплатен и брз Wi-Fi интернет. Летовите меѓу Меѓународниот аеродром Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром во Скопјe (SKP) ќе сообраќаат три пати неделно, во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од Терминал 3 на DXB. Цените на повратните карти за бизнис класа од Скопјe до Дубаи почнуваат од 3.000 евра а цените за економска класа Lite почнуваат од 580 евра. Цените за повратен лет во бизнис-класа од Дубаи до Скопје почнуваат од 12.500 AED (приближно 187.000 македонски денари), додека цените за економска класа Lite почнуваат од 2.800 AED (42.000 македонски денари). Летовите може да се резервираат преку Flydubai.com, официјалната апликација на Flydubai, Контакт центарот во ОАЕ на (+971) 600 54 44 45, во продажните салони на Flydubai или преку туристички партнери. За целосниот распоред на летови, ве молиме посетете ја страницата flydubai.com/en/flying-with-us/timetable. Од своето седиште во Дубаи, flydubai изгради мрежа од над 125 дестинации, опслужувани од флота од 98 авиони. Од почетокот на своето работење во јуни 2009 година, flydubai е посветена на отстранување на пречките за патување, овозможување слободен проток на трговија и туризам и зајакнување на поврзаноста меѓу различни култури низ својата мрежа која постојано се проширува. flydubai го одбележа својот развоен пат со низа значајни достигнувања: Мрежа со постојан раст: Создадена е мрежа од над 125 дестинации во 56 земји низ Африка, Централна Азија, земјите од Кавказот, Централна и Југоисточна Европа, земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC) и Блискиот Исток, Јужна Азија и Југоисточна Азија. Опслужување на пазари со недоволна покриеност: Воведени се повеќе од 100 нови линии до дестинации кои претходно немале директни воздушни врски со Дубаи или не биле опслужувани од национален авиопревозник од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на летови од Дубаи. Ефикасна флота од еден тип авиони: Компанијата оперира со флота составена од еден тип авиони – вкупно 98 летала од семејството „Боинг 737“ (Boeing 737) и тоа: 25 авиони „Боинг 737-800“ од новата генерација (Next-Generation), 69 авиони „Боинг 737 MAX 8“ и 4 авиони „Боинг 737 MAX 9“. Подобрување на поврзаноста: Од почеток на работењето во 2009 година, превезени се повеќе од 137 милиони патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаНБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД БитолаНародната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола.За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели. Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти. Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање. За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции. Се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата, за што Народната банка наскоро ќе извести.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00