Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
2Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
3Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
СветЗеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставкаПретседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка. - Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски. Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата караница со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Греам истакна дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого да работиме со нас, или треба да се смени“. Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски. Поддршка за Зеленски уследи и од украинската армија и од Украинците. Главниот командант на украинската армија Олександр Сирски изјави вечерва дека војниците на земјата го подддржувааѕт претседателот Зеленски. - Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант (Зеленски). Нашата сила е во единството, напиша Сирски на социјалните мрежи откако Зеленски ја напушти Белата куќа без потпишан договор со САД, и откако Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот. Сириски додаде „продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“. Поддршка уследи и од премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на Икс објави дека „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“. - Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ кој ја плати својата слобода со својата крв, напиша на Икс украинскиот вицепремиер Михаил Федоров. И Украинците на интернет го поддржаа Зеленски. - Навистина историски ден. Целиот свет во живо виде како човек од земја разурната од војна им се спротивставува на двајца насилници, објави еден Украинец на социјалните мрежи, алудирајќи на Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Додека друг Украинец на Фејсбук наведе дека „Русија долго време ќе се радува на оваа средба“. Во нашите најлоши кошмари, никогаш не ни замислувавме дека американскиот претседател вака ќе ни зборува. Чувството е како заседа. Намерно понижување, посочи тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една годинаЕдна година не работи апартот за мамагорафија во поликлиниката Букурешт. Пациентките реагираат дека ги слушаат сите совети за редовни прегледи, но истите им останува да ги направат во приватни ординации. Од здружението „Хема Онко“ објаснуваат дека бројот на радиолози кои читаат снимки е мал и треба страгетија на самиот медицнски факултет за специјализации за радиолози, бројот на функционални апарати е низок, но систем каде ќе бидат ставени сите снимки на пациентка се уште не функционира. Канал 5 го бараше првиот човек на здравствен дом Самир Исени, под чија надлежност е поликлиниката Букурешт, но не доби одговор зошто една година не работи апаратот. Министерот за здравство Клековски ќе провери зошто мамографот не работи. На Клиниката за онкологија засега ја има потребната терапија, она што нема како лек е астрезол во аптеките. Проблем е производството на лекот и истиот треба да е достапен по 7 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лицаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари“.Денеска (29.10.2026) од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени Наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени од слобода се осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик. Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување. Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО. Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите. Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати. Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услугиПретседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата.Претседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата и на којшто каде отворено се разговарало за студентскиот стандард и за проблемите. Притоа, од страна на премиерот бил даден предлог во однос на студентскиот оброк, за којшто студентите на нова средба ќе одговорат на понуденото. - Имаме чувство, но и делумни информации дека голем дел од корисниците на студентскиот оброк, средствата коишто ги добиваат на дебитните картички не ги користат токму за студентски оброк, туку ги користат за нешто друго. По промоцијата на новите услуги, М-Услуги, излеговме со еден предлог со министерката: наместо картички и сегашните 3,5 илјади денари месечно, бидејќи студентите добиваат по 140 денари за 6 дена во неделата, и тоа е речиси три ипол илјади денари месечно, ајде да направиме на ова апликација М-Услуги да додадеме М-Студентски оброк, со коишто вашите 3,5 илјади денари сега што ги добивате ќе вредат 4,5 илјади денари. И притоа ние, користејќи ја таа апликација, да обезбедиме список на ресторани, маркети, млечни ресторани итн. каде што вие навистина ќе можете користејќи ја таа апликација да купувате храна, бидејќи станува збор за студентски оброк. Да не се трошат за алкохол за цигари или некои други девијантни однесувања, го образложи премиерот Мицкоски предлогот до студентите. Обезбедениот попуст, според премиерот, не би важел само за овие пари, туку севкупно до крајот на месецот. - Откако вие и би го потрошиле тој студентски оброк, повторно би ви важел до крајот на месецот, ако некој ресторан, доколку обезбедиме 20-25% попуст, а вие сте го искористиле парите за вашиот студентски оброк до 15-ти во месецот, но и потоа на 20-ти со вашите колеги седнувате повторно на доручек, вие ќе го платите, но наместо да речеме 100 денари, ќе добиете попуст од 25%, и ќе го платите 75 денари. Ќе има внатре вградена вештачка интелигенција, ние сме про-дата центри, про-светски модерни текови, не сме против, тоа имаме и такви коишто се против слушнавме, така што со таа вештачка интелигенција којашто ќе биде вградена во таа апликација не ќе може тие пари да завршуваат на друго место, а ние како влада ќе си имаме однос со трговците коишто ви ги продаваат тие производи. Да не завршуваат парите за нешто за коешто не треба да завршуваат, ем вие да добиете покачување, ако е сега три и пол илјади, тие да вредат четири илјади, објасни Мицкоски додавајќи во одговорот на пратеничко прашање за студентскиот стандард дека ги очекува претставниците на студентските парламенти со одговор за да се почне со процедура за сето да се подготвува. Претседателот на владата, споделувајќи дека со студентите се согласиле дека се работи на подигнување на стандардот и со градбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза, потоа со градбите и реконструкциите на студентските домови Премиерот притоа откри и дека со претставниците на студентите од сите универзитети во Македонија се согласиле споредбено со 2022 година, сега во 2026 година студентскиот стандард е подобрен два пати, односно два спрема еден, дека се подобрува стандардот со тоа што се сложиле дека универзитетот Мајка Тереза се гради забрзани, дека се реконструираат и студентските домови со услови какви што имаат европските студенти, дека се надоместува се што минатата влада не го направи, а се ветуваше и студентски град, дека можеби денес сè уште студентите во Германија имаат подобар стандард, но таа разлика е намалена и дека тоа е суштината. Но, од друга страна, на средбата со студентските претставници било посочено и дека пред 20 години УКИМ беше подобро рангиран од денеска на Шангајската листа, откри Мицкоски којшто ги повикал студентите заедно да се работи, да се врати на тие места, со што студентите ќе имаат повеќе знаења, а тоа ќе донесе дополнителен имиџ и за самата држава, посочи Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook