Репортажа на Канал 5 од Мала Преспа: „Не оставивте како сирачиња“

Македонците во Албанија се уште се во шок од пописот кој не го признаваат. Според податоците бројот на нашинците таму се намалува, за сметка на големиот број Бугари, кои никогаш до сега не фигурирале таму.

Која е причината за ова? Како се заплашуваа Македонците во Албанија и која е улогата на официјална Тирана во оваа од специјалната репортажа на Александар Видиновски и снимателот Тони Стојановски.

Во видеото погледнете ја целата репортажа.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи кои се засноваат на пријателство и взаемно почитување, при што заемната соработка се карактеризира со конструктивен и отворен политички дијалог.

Во насока на продлабочување на соработката во различни сфери од заеднички интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека остануваме посветени на поттикнување на динамична билатерална соработка преку политичкиот дијалог, секторските партнерства, нашата соработка во рамките на НАТО и заедничките напори во регионалните иницијативи.

Во контекст на европските перспективи, претседателката Сиљановска Давкова изрази искрена благодарност за континуираната поддршка на Романија на нашиот пат кон ЕУ и за реафирмираната подготвеност за обезбедување на конкретна помош во иднина, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници

Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии.

Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.

Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување.

Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.

притисни ентер