Претседателката Сиљановска Давкова ја прими романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи кои се засноваат на пријателство и взаемно почитување, при што заемната соработка се карактеризира со конструктивен и отворен политички дијалог.

Во насока на продлабочување на соработката во различни сфери од заеднички интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека остануваме посветени на поттикнување на динамична билатерална соработка преку политичкиот дијалог, секторските партнерства, нашата соработка во рамките на НАТО и заедничките напори во регионалните иницијативи.

Во контекст на европските перспективи, претседателката Сиљановска Давкова изрази искрена благодарност за континуираната поддршка на Романија на нашиот пат кон ЕУ и за реафирмираната подготвеност за обезбедување на конкретна помош во иднина, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Отказ за 18-те спорни вработувања на Токсикологија

Буџетот на клиниката оштетен за 650 илјади денари.

Нема повеќе „каубојски вработувања“ на Клиниката за токискилогија. Вработувања нови се потребни, но тоа ќе биде преку конкурси и легално, изјави денеска новиот директор на клиниката за токсикологија Андон Чибишев. Директорот посочи дека дефинитивно од денеска спорните 18 претходно нелегални вработени нема да доаѓаат на работа. А до надлежните институции ќе се проверува целиот процес на работа. Чибишев потврди дека буџетот на клиниката е оштетен за 650 илјади денари бидејќи спорните вработени биле исплаќани со пари од клиниката кога Иљази била економска директорка.

Директорот на токсикологија посочи дека вработена е само биологот без кого клиниката не може да функционира. Тој веќе разговарал со министерот за нови вработувања. На клиниката нема доктори, сестри, болничари, хигиеничари. Најмладите доктори се над 50 години.

Чибишев вели дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции.

Во каква состојба е кованата ограда која ќе се враќа пред Владата и кога ќе биде поставена?

Оградата беше поставена во 2015 година од тошаниот премиер Никола Груевски, а беше отсранета во 2019 година од тогашниот премиер Зоран Заев.

Откако на вчерашната седница Владата донесе одлука оградата од ковано железо вредна 700.000 евра да се врати околу Владината зграда, со образложение дека објектот е опкружен со нефукционална и непрезентативна ограда, задачата за нејзино лоцирање и враќање и беше дадена на Службата за општи и заеднички работи. Според новиот директор на СОЗР Ивица Томовски оградата била насилно извадена од претходната власт и сега истата поради негрижа е во незавидно лоша состојба и најави напори за нејзино враќање на како што вели „вистинското место.“

- Оградата беше поставена во 2015 година од тошаниот премиер Никола Груевски, а беше отсранета во 2019 година од тогашниот премиер Зоран Заев, со цел просторот околу објектот да биде подостапен за граѓаните.

Според досегашниот директор на СОЗР Пеце Мирчевски, службата постапила согласно одлуката на тогашната Влада и не смета дека оградата била запуштена.

-Министерството за одбрана ни излезе во пресрет и ни го ослободи просторот за нејзино складирање во касарната Илинден. Железото не е потрошен материјал и според мене оградата беше соодветно чувана и складирана. Има можност да се реставрира и според новата одлука на Владата да се врати околу објектот.- Пеце Мирчески – поранешен директор на СОЗР

Од СОЗР сега најавија дека ќе прават дополнителна проценка за состојбата на оградата, па засега сеуште не е познато кога истата ќе може да биде вратена пред Владата...

Граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења околу оваа одлука.

- Секогаш мора да има ограда околу Владите како во сите Влади во светот така и во оваа, мислам дека беше глупо што ја извадија.

- Непотребно..Исто непотребно е

- За тоа немам коментар јас ги гледам моите маки што си ги имам таму нека си решаваат министрите.

Откако оградата беше извадена пред 5 години, останаа белите бетонски столбови, за чие отстранување од тогашната Влада беше кажано дека би чинело многу, додека од железото се најавуваше дека ќе се пренамени и ке се изработат клупи. Наместо тоа, новата влада ги најде оставени на забот на времето, во дворот на касарната Илинден.

Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Анжеј Франгеш, специјален пратеник за Западен Балкан на Република Словенија.

На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете држави, со взаемна поддршка и почит.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за силната и отворена поддршка на Република Словенија за нашата земја на евроинтегративниот пат и оцени дека со назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан, Словенија ја потврдува својата силна посветеност на процесот на интеграција на нашиот регион во Европската Унија.

На средбата се разговараше за текот на реформскиот процес по формирањето на новата влада. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека формирањето на Министерството за европски прашања е чекор што ја демонстрира посветеноста на нашата држава за европската агенда.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на словенечката поддршка во исполнувањето на македонските стратешки определби, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

притисни ентер