Веб ТВЗдраво Македонијо - 22.07.2026 - дел 2Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкцииВо јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец .Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец – покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, што укажува на обиди да се надомести намаленото снабдување од Блискиот Исток. Според табелите на јапонското министерство, во јуни Јапонија увезла 184.000 кубни метри нафта од Русија, што одговара на приближно 1,157 милиони барели од „црното злато“. Вредноста на увозот изнесувала 19,69 милијарди јени (120,75 милиони долари), според податоците на министерството. Тоа значи дека јапонските увозници во јуни плаќале во просек нешто повеќе од 104 долари за барел руска нафта. Според официјалните јапонски податоци, обемот на увоз во јуни бил трипати поголем отколку во мај, кога биле увезени нешто помалку од 365.000 барели руска нафта – во вредност од шест милијарди јени (36,85 милиони долари). Ова укажува на тоа дека јапонските увозници во мај плаќале приближно 101 долар по барел за руската нафта. Сепак, податоците за април покажуваат дека Јапонија воопшто не увезла нафта од Русија. Нафтата купена во мај и јуни била дел од договорите за снабдување со гас од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, кој не подлежи на западните санкции, наведува руската новинска агенција ТАСС. „Сахалин-2“ е еден од најголемите руски проекти за извоз на гас; негови сосопственици се рускиот „Гаспром“ и јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдено – Путин испратил луѓе на средба со БерлинПретседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина.Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, пренесува „Блумберг“. „Нашата територија беше искористена за таква средба без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите бидејќи не присуствувавме на средбата. Сепак, податоците за летовите ми овозможуваат да тврдам дека тајната средба навистина се одржа во Баку“, изјави Алијев за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Алијев рече дека средбата се одржала од 12 до 14 јули. Тој додаде дека ако целта на состанокот била да се истражат начини за завршување на војната меѓу Русија и Украина, Азербејџан би можел „само да ги поздрави“ таквите напори. Мерц негираше дека неговата влада била вклучена во ангажманите.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаПетрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидатКога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат.Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита. Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата? Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33