3Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
МакедонијаОд понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во ДебарМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. – По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР. Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси и Суарез како во своите најдобри деновиСуарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0. Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат. 🚨EL GOLAZO 934 DE LIONEL, ENCARO ENCARÓ y luego se puso nervioso al definir😅….GOLAZOOOO https://t.co/tp6JsbEeWy — KING MESSI 10 (@messi10_rey) October 11, 2026 Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветРубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс. „Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата. Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници. Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаАнкета на Маркет вижн: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на животМнозинството од испитаниците се задоволни од квалитетот на нивниот живот, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. И во однос на прославата по повод 35 години независност на Македонија, најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став. На прашањето „колку сте задоволен/а со вашиот квалитет на живот?“, мнозинството испитаници (57,5%) одговориле дека се задоволни, а 40,7% не се задоволни. Во однос на прославата по повод 35 години од независноста на Македонија најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став за организацијата, а 31,8% од испитаниците сметаат дека прославата била прескапа и дека парите требало да се потрошат на други работи. 27 отсто од испитаниците немаат став за ова прашање. Изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски по повод „Денот на независноста“ дека „битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“ предизвика големо внимание и бројни реакции во македонската јавност. Прашањето до испитаниците беше дали оваа изјава ја сметаат за разбирлива, навредлива и дали го поддржуваат овој став. Поделени се ставовите на испитаниците во однос на разбирливоста на пораката. Најголем дел од испитаниците (41,2%) сметаат дека изјавата е разбирлива, додека за 31% изјавата не е разбирлива. За повеќе од половината од испитаниците (53,4%) изјавата на премиерот не е навредлива. Ставовите на испитаниците во однос на тврдењето дека ја поддржуваат изјавата на премиерот се поделени, при што речиси една третина од испитаниците ја поддржуваат изјавата, една третина не ја поддржуваат и една третина имаат неутрален став. Истражувањето беше спроведено во периодот од 11 – 27 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година. Извор: Мкд.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter