Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија - Канал 5

Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија

На 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода.

Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија

На 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот што се одржа во Прилеп, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“.

Филипче нагласи дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе првата современа национална држава.

„Токму затоа нивниот историски подвиг е толку голем. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе. Замислете го тој миг. Човекот што заминува. Семејството што останува. Мајката што сака да го задржи синот, а знае зошто тргнал. И една земја во која надмоќниот окупатор бил убеден дека стравот ќе ја заврши работата наместо него. На 11 Октомври, тој страв доби одговор“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека македонската историја е полна со борби за слобода, со херои кои имале верба во постигнување на целта - слободна Македонија.

„Во неа има востаници што знаеле дека се послаби од силата на која ѝ се спротивставуваат. Има луѓе што ја продолжувале борбата откако претходната генерација била поразена. Имало силна надеж што се пренесувала од родител на дете, кога немало држава преку која таа верба можела да се оствари. Илинден и Крушевската Република остануваат трајна инспирација и камен темелник на таа историја. Нивното значење го чувствуваме и денес. Но, должни сме јасно да го кажеме пресудниот резултат на Народноослободителната војна, од нејзината победа произлезе првата трајна современа македонска држава. Таа победа ја смени нашата страдалничка историја.“

Тој нагласи дека Народноослободителната војна и победата над фашизмот ги поставија темелите на современата македонска држава, а АСНОМ ја втемели македонската државност.

„Без победата во Народноослободителната војна, тој пат немаше да биде нашиот историски успех. Без луѓето што се изборија за државноста, немаше да ја наследиме Македонија во која подоцна, во 1991 година, ја донесовме одлуката за независност. Независноста има свое големо место. АСНОМ има свое незаменливо место. Нашата историја е доволно богата за да ги почитуваме двете, со јасно разбирање што ни донела секоја од нив“, рече Филипче.

Филипче посочи дека почитта кон паднатите борци не смее да остане само на свечени одбележувања, туку мора да се преточи во одговорност за државата, нејзиниот развој и иднината на граѓаните.

„Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот. Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителността, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ.

Тој нагласи дека денешната борба за Македонија е борба против корупцијата и криминалот, но и борба за подобар живот, достоинство и сигурност за сите граѓани – работниците, земјоделците, наставниците, лекарите, младите и пензионерите.

„Борбата за Македонија денес е борба за слобода, меѓусебно почитување и правда. Борбата за Македонија денеска е против корупцијата и криминалот на арамиите на власт. Борбата за Македонија, другарки и другари, денеска е борба против нејзина распродажба. За рудници, вода, земја и дата центри. Арамиите на власт сè ќе стават на распродажба за туѓи профити и за провизии. Борбата за Македонија е борба против воскреснувањето на фашизмот и фашистичките методи на владење“, порача Филипче.

Аманетот на борците е да се зачува државата, да се развива и да се создадат услови младите да останат во сопствената татковина. Патриотизмот, како што посочи, се мери според тоа како живеат граѓаните денес и каква иднина ќе им оставиме на идните генерации.

„Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка.

Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот.

Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември.

„Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството.

На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер