Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
СветРубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс. „Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата. Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници. Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народМакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство. Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината. Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВалерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров. Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство. На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела. Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“. Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“. Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре. Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец. Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот. „Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонијао. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востаниеДенес на големиот македонски празник „11 Октомври“ кој е симбол на македонската борба за слобода, во име на градоначалникот на Општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони претседателот на Советот Бојан Бојкоски.Пред споменикот на НОАВМ свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинскиот сојуз на борци, претставници на политичките партии, како и здруженија на граѓани, оддавајки им почит на сите народни херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. 11 октомври 1941 година е настан од клучен историски момент, односно синоним за отпорот на македонскиот народ, датум кој симболизира официјален почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна. Тој е важен темел во борбата за самобитност и самостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00