Здраво Македонијо - 21.05.2026 - Ивана Ѓеоргиевска – пејачка - Канал 5

Здраво Македонијо - 21.05.2026 - Ивана Ѓеоргиевска – пејачка

Здраво Македонијо - 21.05.2026 - Ивана Ѓеоргиевска – пејачка
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уреди

Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.

Андоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уреди

Во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница денеска беше означен почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, партнерска иницијатива насочена кон развој на дигитални вештини, критичко размислување, практично учење и примена на современи технологии во образовниот процес.

Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра. Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.

Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта од целата држава, повеќе од 20.000 ученици на возраст од 9 до 10 години, како и околу 1.000 наставници од одделенска настава. Наставниците ќе поминат обуки за користење на micro:bit уреди и современи дигитални алатки во наставата, а учениците ќе развиваат знаења и вештини од програмирање, сајбер безбедност, критичко размислување, решавање проблеми и основни концепти на вештачката интелигенција.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека проектот е важен чекор кон вистинска дигитална трансформација во образованието, преку која технологијата станува алатка за учење, создавање и развој на самодовербата кај учениците.

„Проектот ќе биде наменет за цела Македонија, опфаќа вкупно 100 училишта и повеќе од илјада наставници кои ќе поминат обука каде ќе се стекнат со вештини како да ги користат овие micro:bit уреди во нивната настава. Зборуваме за четврто и петто одделение, а уредите ќе се употребуваат во сите наставни предмети. По сите наставни предмети ќе може да се прават проекти со micro:bit уреди, преку кои учениците ќе учат основи на програмирање и основи на сајбер безбедност. Очекувам од материјалите што ќе ги произведеме, меѓу кои и прирачници, и наставниците во погорните одделенија да ги користат micro:bit уредите и да работат на реални проекти“, изјави Андоновски.

Целта е учениците да не бидат само корисници на технологија, туку да учат како да создаваат, да размислуваат логички, да решаваат проблеми и да работат со современи дигитални алатки.

Во рамки на партнерството, Македонски Телеком дополнително ќе опреми пет училишта низ Македонија со компјутерска опрема. Првата донација на компјутери беше реализирана токму во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што се одржа и настанот за почеток на проектот.

Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги претстават своите идеи, креативност и стекнато знаење.

„Училишта на 21 век – Фаза 2“ придонесува кон модернизација на образованието и подготовка на младите за дигиталната иднина. Програмата ќе им помогне на учениците да стекнат вештини кои сè повеќе се бараат на идниот пазар на труд, меѓу кои аналитичко размислување, креативност, технолошка писменост и иновативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Роаминг наместо реформи

ВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома“, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие.

СДСМ: Роаминг наместо реформи

Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за членство.

Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата предводена од СДСМ.

Наместо да работат на она што е навистина важно, на реформите - ВМРО се фали со нешто што и онака мора да се направи.

Додека се фалат со роминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние кои сепак одат мора да чекаат и по 10 часа на граница.

Толку за „олеснување на животот на граѓаните“.

На реформите работеле толку „успешно“ што единствениот закон што се обиделе да го протуркаат - Законот за судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат.

Мицкоски и неговата банда не сакаат правосудство затоа што тоа значи независно европско правосудство. А независно правосудство значи дека повеќе нема да можат да наредуваат на обвинителите од собраниската говорница, преку медиуми или по телефон. Нема да можат да најавуваат пресуди во живо во своите програми.

Тогаш доаѓа одговорноста и некој ќе мора да одговара за грабежот на државата.

Затоа Мицкоски и ВМРО не сакаат реформи. Затоа нема напредок кон Европа.

Затоа што Европа носи правда, а правда значи крај на заштитата на криминалот и корупцијата.

Доста е со лаги. Реформи сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen

Директорот Гоце Димовски оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen, каде се разговараше за развојот на инвестицискиот проект кој е во напредна фаза. 

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen

Во рамки на средбата беа дискутирани можностите за понатамошно унапредување на соработката, динамиката на реализација на инвестицијата, како и идните развојни планови на компанијата во земјава.

Директорот Димовски нагласи дека оваа инвестиција значајно ќе допринесе за зајакнување на домашната економија, што претставува уште една потврда за довербата на германските компании во деловното опкружување и потенцијалот за развој во Македонија. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување стабилна и предвидлива бизнис-клима, овозможувајќи целосна поддршка на инвеститорите во сите фази од нивниот развој.

Од страна на компанијата беше изразена посветеноста за исполнување на сите услови потребни за навремена реализација на инвестицијата. Лукас Мухрингер истакна дека главната цел на компанијата е навремено исполнување на барањата на клиентите и континуиран развој на пазарот, за што, токму инвестицијата во рамки на ТИРЗ претставува важен чекор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер