Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице - Канал 5

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфунот Делфин ја погоди Кина: Милион евакуирани, откажани летови

Тајфунот Делфин денес ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува „Euronews“.

Тајфунот Делфин ја погоди Кина: Милион евакуирани, откажани летови

Ценитарот на тајфунот се пристигна во близина на градот Јухуан во источната кинеска покраина Џеџијанг околу 17:30 часот по локално време, соопшти Националниот метеоролошки центар (NMC) на Кина. Во моментот на ударот, максималната брзина на ветерот во близина на центарот била повеќе од 150 километри на час, според „NMC“.

Властите евакуирале повеќе од 900.000 жители од крајбрежниот град Венџоу во покраината Џеџијанг во источна Кина и отвориле повеќе од 1.000 приемни центри. Речиси 1.400 летови беа откажани на двата главни аеродроми во Шангај денес, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Силни дождови и силни ветрови

Последиците се почувствуваа и во Хонг Конг на јужниот брег на Кина. Таму беше измерена рекордна максимална температура од 36,9 степени Целзиусови, а високата температура е резултат на топлиот воздух што го туркаше тајфунот Делфин кон градот. „Бурата се движи кон Жеџијанг и понатаму во внатрешноста, а нејзините надворешни струења ќе донесат екстремно топло време во областа од денес до вторник“, соопшти опсерваторијата во Хонг Конг.

Пред да стигне до Кина, тајфунот Делфин донесе обилни дождови и силни ветрови во Окинава, Јапонија. Седум лица во Окинава беа полесно повредени, вклучувајќи и маж над 100 години кој падна и ја удри главата откако беше соборен од налетот на ветерот, соопштија локалните власти.

До денес попладне, 5.290 домаќинства во Окинава беа без струја, соопшти регионалната енергетска компанија „Окинава Електрик Пауер“. Во Тајван, десетици фериботски линии беа суспендирани денес, а повеќе од 180 летови беа откажани бидејќи бурата донесе поројни дождови и силни ветрови во северниот дел од островот.

Поради тајфунот беше издаден црвен аларм

Утрово, кинескиот „NMC“ издаде црвен аларм за тајфун, или неговото најстрого предупредување. „NMC“ предвиде „исклучително обилни врнежи од дожд“ во делови од централен и источен Жеџијанг. Обилни врнежи од дожд се очекуваат и во Шангај и делови од провинциите Фуџијан, Анхуи и Џангсу до утре попладне.

Се очекува тајфунот Делфин да ослабне по приближувањето на копното додека се движи кон северозапад над источна Кина. Во провинцијата Фуџијан, речиси 99.000 луѓе беа евакуирани од загрозените подрачја синоќа, јавува новинската агенција Синхуа.

Делфин пристигна во Кина две недели по тајфунот Ноул, кој властите потоа го прогласија за најсилна бура во Кина оваа година. Тајфунот Ноул уби три лица и оштети стотици домови на Филипините пред да стигне до Кина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Париз: Постара жена влегла во црква со бомби

Постара Парижанка денес донела во својата црква две гранати што ги пронашла во зградата каде што живее, што предизвика итна евакуација на околу стотина верници од црквата и повик за полицијата, објавија француските медиуми.

Драма во Париз: Постара жена влегла во црква со бомби

Утрово, една жена отишла во црквата Нотр Дам де ла Гар во 13-от арондисман во Париз за да му го покаже своето откритие на парохискиот свештеник, објави Ле Фигаро, повикувајќи се на исказите на очевидци.

Свештеникот веднаш ги отстранил двете експлозивни направи, а потоа ги известил властите.

Полицијата брзо реагирала, евакуирала околу стотина луѓе и поставила безбедносен периметар околу црквата.

Во 11:20 часот пристигнале експерти за деактивирање бомби, ги идентификувале предметите како „маневрска и чадна бомба“, кои не претставуваат закана за човечкиот живот и ги укинале безбедносните мерки за да може да продолжи црковната служба.

Исто така, бил извршен претрес во домот на една постара жена, но не биле пронајдени други бомби, а свештеникот рекол дека не сака да поднесе формална тужба.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер