СветТајфунот Делфин ја погоди Кина: Милион евакуирани, откажани летовиТајфунот Делфин денес ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува „Euronews“.Ценитарот на тајфунот се пристигна во близина на градот Јухуан во источната кинеска покраина Џеџијанг околу 17:30 часот по локално време, соопшти Националниот метеоролошки центар (NMC) на Кина. Во моментот на ударот, максималната брзина на ветерот во близина на центарот била повеќе од 150 километри на час, според „NMC“. Властите евакуирале повеќе од 900.000 жители од крајбрежниот град Венџоу во покраината Џеџијанг во источна Кина и отвориле повеќе од 1.000 приемни центри. Речиси 1.400 летови беа откажани на двата главни аеродроми во Шангај денес, објави државниот радиодифузер „CCTV“. Today, Typhoon Dolphin made landfall in Taizhou, Zhejiang, China, bringing dangerous winds and severe flooding. pic.twitter.com/zu1HhD7Q7C — Weather Monitor (@WeatherMonitors) August 9, 2026 Силни дождови и силни ветрови Последиците се почувствуваа и во Хонг Конг на јужниот брег на Кина. Таму беше измерена рекордна максимална температура од 36,9 степени Целзиусови, а високата температура е резултат на топлиот воздух што го туркаше тајфунот Делфин кон градот. „Бурата се движи кон Жеџијанг и понатаму во внатрешноста, а нејзините надворешни струења ќе донесат екстремно топло време во областа од денес до вторник“, соопшти опсерваторијата во Хонг Конг. Пред да стигне до Кина, тајфунот Делфин донесе обилни дождови и силни ветрови во Окинава, Јапонија. Седум лица во Окинава беа полесно повредени, вклучувајќи и маж над 100 години кој падна и ја удри главата откако беше соборен од налетот на ветерот, соопштија локалните власти. До денес попладне, 5.290 домаќинства во Окинава беа без струја, соопшти регионалната енергетска компанија „Окинава Електрик Пауер“. Во Тајван, десетици фериботски линии беа суспендирани денес, а повеќе од 180 летови беа откажани бидејќи бурата донесе поројни дождови и силни ветрови во северниот дел од островот. Earlier today, #Typhoon #Dolphin has made landfall in Ganjiang, #China, , as a category 1 typhoon, with winds reaching 85 mph (140 km/h) and pressure down to 954 mb. with CMA which is likely more accurate to actual intensity, at 940 mb. typhoon gusts being felt in the region. pic.twitter.com/JAxaR6OkFy — Skellitor Titan (@Skellitor_Titan) August 9, 2026 Поради тајфунот беше издаден црвен аларм Утрово, кинескиот „NMC“ издаде црвен аларм за тајфун, или неговото најстрого предупредување. „NMC“ предвиде „исклучително обилни врнежи од дожд“ во делови од централен и источен Жеџијанг. Обилни врнежи од дожд се очекуваат и во Шангај и делови од провинциите Фуџијан, Анхуи и Џангсу до утре попладне. Се очекува тајфунот Делфин да ослабне по приближувањето на копното додека се движи кон северозапад над источна Кина. Во провинцијата Фуџијан, речиси 99.000 луѓе беа евакуирани од загрозените подрачја синоќа, јавува новинската агенција Синхуа. Делфин пристигна во Кина две недели по тајфунот Ноул, кој властите потоа го прогласија за најсилна бура во Кина оваа година. Тајфунот Ноул уби три лица и оштети стотици домови на Филипините пред да стигне до Кина. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговоритеБугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија. -Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија. Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни. -Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија. Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
БалканДрама во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето. „Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.Тагови: пиштол Риека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУрбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во СкопјеГолеми канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“. Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти. Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат. Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано. Група Урбани Уметнички АкцииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter