Синдикатот во М-НАВ најавува претставка до врховен и жалба до судот во стразбур откако апелација им го забрани штрајкот
1Синдикатот во М-НАВ најавува претставка до врховен и жалба до судот во стразбур откако апелација им го забрани штрајкот
3Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
Веб ТВЗдраво Македонијо - 21.05.2026 - дел 2Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаСиндикатот во М-НАВ најавува претставка до врховен и жалба до судот во стразбур откако апелација им го забрани штрајкотПретставка до Врховен суд и жалба пред СЧП во Стразбур – синдикатот на контролорите на летање при М-НАВ не се откажува од битката, откако Апелација му стави „точка“ на штрајкот кој го најавуваа .Претставка до Врховен суд и жалба пред СЧП во Стразбур – синдикатот на контролорите на летање при М-НАВ не се откажува од битката, откако Апелација му стави „точка“ на штрајкот кој го најавуваа и со тоа ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд – Скопје. Првиот човек на ССКЛ – Александар Тасевски, кој изрази сомнежи за објективноста на пресудата, вели дека истата ќе влијае и на останатите синдикални организации, забранувајќи им го Уставно загарантираното право да го дигнат својот глас. Тој оцени, дека на прв поглед станува збор за пресуда за штрајк, но последиците вели ќе бидат многу поголеми. -Знаеме дека сме исправни и дека сме ја запазиле постапката и нема да дозволиме да бидеме задушени од страна на еден менаџмент, и од страна на еден директор, покрај што е директор во М-НАВ, истовремено е и претседател на синдикатот во Компанија, што е спротивност. Судот при документи се прави слеп дека не ги гледа и дека сите оние работи што требаше законски да ги направат се исполнети од наша страна. Сите синдикални организации во државата да знаат дека сите проблемите кои во иднина ќе ги имаат ради нашиот проблем, се поттикнати од УО на М-НАВ, кои што верувам дека на свој начин ги има добиено овие пресуди како што ги има добиено,- Александар Тасевски – Синдикат на контрола на летање при М-НАВ. Според адвокатот на М-НАВ, со правосилноста на пресудатата прифатени се трите клучни аргументи на Компанијата, односно дека штрајкот не произлегува од заштита на правото на работен однос, бил најавен без да се испочитува законската процедура – односно без задолжително посредување, воедно и дека синдикатот нема правен легитимитет да организира штрајк, оти е синдикална подружница. -Со ваквата пресуда се отвораат неколку прашања, но и се даваат одговори на истите прашања. Се поставува прашањето и дали претходно организираните штрајкови на ССКЛ биле законски, односно биле легални. Самата пресуда на Основниот граѓански суд Скопје, потврдена со пресудата на Апелациониот суд – Скопје го дава одговорот на тоа прашање дека и претходно организираните штрајкови на ССКЛ биле организирани, спроведени и реализирани надвор од законските прописи на Македонија,- - Горан Николоски – Адвокат на М-НАВ АД Скопје (09.06.2026). Доколку ССКЛ сака повторно да штрајкува, треба да отвори нова постапка и да ги исполни законските услови, кои судот смета дека недостигале. Од синдикатот, кои во изминатиот период често реагираа против партиски вработувања во компанијата, недостаток на стручна анализа и лоши услови за работа, побараа од ССМ и КСС да се ангажираат за промени кои на синдикалните организации ќе им овозможат дејствување без „амин“ од гранковиот синдикат на кој припаѓаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзанЗемјата нема од што да се плаши, кога преземените обврски ќе се исполнат имам надеж дека процесот кон членство ќе биде забрзан – порача евроамбсадорот Михалис Рокас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива ПаланкаВицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, утринава изврши увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на делницата Бељаковце–Крива Паланка.Таму беше Сандра Спасовска. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook