Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
Веб ТВЗдраво Македонијо - 02.07.2026 - дел 2Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаВодата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контролиВо јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење.Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според достапните информации, таа постои околу 30 години. Сепак, секоја локација која претставува потенцијален еколошки проблем треба соодветно да биде третирана и расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје. Во однос на безбедноста на водата, контролите се вршат континуирано. Секојдневно се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Изворот „Рашче“ е под 24-часовен надзор и обезбедување, со воспоставени мерки за заштита на извориштето, вклучително и видеонадзор и физичко обезбедување на просторот. Ги повикуваме граѓаните да се потпираат на официјалните информации и резултатите од лабораториските анализи, а не на непроверени информации и шпекулации кои можат непотребно да создадат страв и паника. Водата што ја пијат скопјани е безбедна. Здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет и за нив нема место за компромиси. Доколку постои каков било реален ризик, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана. Со почит, Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаОпштина Карпош: Завршена фазата на поставување енергетско-ефикасно осветлување во БардовциВо рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување.На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетско-ефикасни светилки, исто така со можност од 35 вати. Новото осветлување ќе придонесе до подобра видливост на јавните ппвршини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасно користење на електричната енергија, преку примена на современи и енергетски ефикасни решенија. Општина Карпош продлжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на својата територија. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВо пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки животаПостојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот". Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност.Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст. Приказна за семејство, кое во моментот на најголема загуба, помислило на некој друг. И приказна за пациенти кои денес дишат, живеат и се враќаат кон своите најблиски благодарение на тој гест. Органодарителството не е само медицински чин, тоа е чин на длабока човечност. Секое „ДА" за донирање е потенцијална втора шанса за некој што чека. "Секоја трансплантација е доказ дека и во најтешките мигови луѓето наоѓаат сила да мислат на другите. Благодарност до секое семејство што избра да подари живот, потенцира министерот за здравство, Сашо Клековски. "Зад секојa трансплантација стои тим, но пред сè стои една хумана одлука. Таа одлука е она што го прави можно чудото на новиот живот, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. Во пресрет на 13 август - Светски ден на органодарителство, се приклучуваме на светската иницијатива за подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи и им се заблагодаруваме на сите семејства кои со својата одлука подариле живот. [❣️] Бидете дел од промената. Бидете причина за нечиј нов почеток. Министерство за здравствоТагови: органодарителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook