Шоу бизМет Дејмон проговори за најголемата драма во својот живот: „Ме отпишаа“ По низата комерцијални неуспеси, Мет Дејмон откри дека телефонот престанал да му ѕвони, но улогата на Џејсон Борн го вратила меѓу големите ѕвезди.По глобалниот успех на филмот „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting), Мет Дејмон брзо стана едно од најбараните имиња во Холивуд. Сепак, неговиот статус на ѕвезда не остана цврст уште долго. Следуваше низа големи комерцијални неуспеси, што доведе до ситуација во која — како што подоцна и самиот призна — тој беше практично отпишан. По „Добриот Вил Хантинг“, Дејмон продолжи да добива значајни улоги. Тој се појави во „Создавачот на дожд“ (The Rainmaker) во режија на Френсис Форд Копола, во „Спасувањето на војникот Рајан“ (Saving Private Ryan) на Стивен Спилберг и во „Талентираниот господин Рипли“ (The Talented Mr. Ripley) на Ентони Мингела. Сепак, ситуацијата набрзо се промени. Филмот „Раундерс“ (Rounders) не го постигна очекуваниот комерцијален успех, иако Дејмон и денес високо го цени. Тој исто така соработуваше со Кевин Смит – еден од луѓето што силно го поддржаа неговиот подем по филмот „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting) – на филмот „Догма“ (Dogma). Потоа уследија три големи неуспеси. Дејмон го позајми гласот на главниот лик во високобуџетниот анимиран филм „Титан А.Е.“ (Titan A.E.), кој доживеа огромен финансиски неуспех; настанатите загуби придонесоа за затворање на студиото. Потоа следеа филмовите „Легендата за Багер Венс“ (The Legend of Bagger Vance) на Роберт Редфорд и „Сите убави коњи“ (All the Pretty Horses) на Били Боб Торнтон. „Легендата за Багер Венс“ не успеа да ја врати ниту половината од својот буџет од 80 милиони долари, додека „Сите убави коњи“ се соочи со сериозни проблеми откако Харви Вајнстин ја презеде контролата врз процесот на монтажа. Трите неуспеси се случија во рок од само неколку месеци, а Дејмон беше едно од главните лица на нивните промотивни кампањи. Токму тогаш почна да чувствува колку брзо може да се изгуби статусот на ѕвезда во Холивуд. „Имав два филма што доживеаја неуспех, а се чинеше дека и *Идентитетот на Борн* ќе биде катастрофа. Телефонот престана да ѕвони целосно. Навистина можеше да се почувствува тоа. Според сите проценки, во Холивуд веќе ме беа отпишале“, се присети Дејмон, како што пренесува CDM.me. Потоа, конечно, дојде улогата што сè промени. *Идентитетот на Борн* стана огромен хит, а Дејмон се врати меѓу водечките холивудски ѕвезди. Подоцна, Стивен Содерберг го ангажираше за филмот *Играта на Оушн*, а нивната соработка продолжи и на идни проекти. Сепак, ликот на Џејсон Борн беше тој што ја пресврте неговата кариера и покажа колку брзо може да се промени една холивудска приказна – од ѕвезда на која престанале да ѝ ѕвонат телефоните до актер што повторно добива големи улоги.Тагови: Мет Дејмон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter