Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
1Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ТенисГригор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров ги откри деталите од разговорот со најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се единствените преостанати членови на „старата гарда“ и сè потешко им е да најдат мотивација откако Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Стен Вавринка и Гаел Монфис ги закачија рекетите на клинец... Ривалството што имавме можност да го следиме повеќе од една деценија беше само по себе инспирација за играчите. Бугаринот, кој е голем пријател со српскиот ас, неодамна откри што му кажал Ѓоковиќ за повлекувањето на Федерер и Надал, со кои ги водеше најголемите битки на АТП-турнејата. Тој призна дека се чувствува исто и дека му недостасува жарот што го имал додека се натпреварувал против најдобрите играчи во овој спорт. „Морам да бидам искрен. Веќе неколку години сум прилично дистанциран од сè што се случува на АТП-турнејата. Сè уште се натпреварувам, но веќе не ги следам случувањата во мојот спорт, ниту пак сум упатен во нив. Целиот мој живот се вртеше околу тенисот, а сега малку ме растажува сознанието дека дури и не ги познавам повеќето од активните играчи“, изјави Димитров. Во моментов, само 10 од најдобрите 100 играчи во светот се постари од 30 години, а само шестмина имаат 35 или повеќе години. Григор признава дека се чувствува осамено... „Годините можеби се само бројка, но во нашиот спорт имаат огромно влијание. Не се работи само за она што се случува на теренот, туку и за интеракцијата со другите за време на турнирот.“ Со години, Димитров беше еден од играчите кои им создаваа големи проблеми на „големата тројка“ и уживаше во тој натпреварувачки дух и во улогата на аутсајдер. „Дел од мене си замина од тенисот кога Федерер и Надал се повлекоа. Знам дека и Ѓоковиќ се чувствува исто, бидејќи разговарав со него за тоа. Се потсетивме колку беше возбудливо да се соочуваме со постојаните предизвици на таа ера“, рече тој и истакна: „Да се соочуваш со тројцата најдобри играчи на сите времиња речиси секоја недела беше неверојатно чувство, а во моментов е невозможно да доживеам нешто слично. Не сакам да навредам никого од сегашните играчи, но за мене ерата на 'големата тројка' секогаш ќе претставува најголем предизвик со кој може да се соочи еден тенисер“, изјави Бугаринот, кој успеа да стигне до третото место на АТП-листата и да освои девет титули во ерата на „големата тројка“.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
БалканТрагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалијаЧетириесет и четиригодишен маж трагично загина во близина на водопадот Савица во Словенија, откако паднал во провалија длабока 60 метри додека се обидуваше да го спаси својот седумгодишен син. Момчето, кое прво паднало во бездната, го преживеало падот, но се здобило со тешки физички повреди. Несреќата се случила во саботата навечер, а според информациите од Полициската управа во Крањ, странско четиричлено семејство го посетувало водопадот Савица. При враќањето, тие застанале на одморалиште со маса и клупи. Во тој момент, седумгодишното момче се оддалечило од семејството, а набрзо потоа се слушнале неговите повици. Таткото (44) веднаш потрчал во правецот од каде што доаѓале повиците за помош, но притоа и самиот паднал во страшната длабочина. Неговото тело подоцна било пронајдено во коритото на реката Савица, а на истото место било пронајдено и тешко повреденото момче. Акцијата за спасување ја спровеле припадници на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ, како и планинската полиција. Поради исклучително тешкиот и непристапен терен, телото на несреќниот човек било извлечено со помош на јажиња, додека момчето било пренесено во болница со хеликоптер на полицијата. Припадниците на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ објавија емотивна порака на Фејсбук, опишувајќи го страшниот повик што го добиле: „Дете падна во провалија. Дали постои пострашен повик за интервенција?“ Тие истакнаа дека на местото на несреќата пристигнале речиси веднаш, бидејќи дел од тимот веќе бил на теренска вежба во близина. „Се спуштивме до речното корито, кое беше речиси 60 метри под нас. Заедно со колегите од Брник, ги подготвивме момчето и неговиот татко за транспорт – едниот со хеликоптер до болница, а другиот за неговото последно патување. Често зборуваме за невидливи сили... Вчера тие очигледно ги насочија сите свои вештини кон спасување на младиот живот, додека снемаа сили за постариот“, опишаа спасувачите. Тие предупредија дека несреќите во планините ретко се резултат на една единствена грешка, туку на сплет од околности и одлуки што за неколку секунди водат кон трагедија. На крајот, тие упатија искрено сочувство до семејството и апелираа до јавноста да се воздржи од непотребни коментари, со длабока надеж дека момчето што поскоро ќе закрепне од повредите и траумата. Полицијата продолжува да собира информации, а надлежното државно обвинителство ќе извести за сите утврдени факти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничкаПолициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со ТрампПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга рече дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.„Гледаме огромна делегација во посета на САД, за која, според нашите информации, брои над 50 луѓе. Граѓаните имаат право да знаат кој ги плаќа високите трошоци за ова патување. Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан Мицкоски не е на тој список“, рече Филипче. Тој посочи дека американската администрација добро знае какви политики спроведува Владата на Мицкоски. „Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Христијан Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на нашите заеднички интереси со стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави. Оваа власт ја поткопува демократијата и воспоставува контрола врз медиумите преку руско-српските врски“, истакна Филипче. На тој начин, нагласи претседателот на СДСМ, не се води држава и не се исполнуваат обврските кон стратешките партнери – Европската Унија и САД. „Еден од показателите за нарушените односи е тоа што, за првпат од осамостојувањето, Америка ја намали воената помош за нашата земја“, рече Филипче. Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга. На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче. „Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече Филипче. Тој предупреди дека огромната економска и финансиска криза, предизвикана од лошото управување на власта, во следниот период дополнително ќе се продлабочува. „Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Тоа е еден од најјасните показатели дека државата економски тоне“, истакна Филипче. Дополнителен товар за граѓаните е најавениот нов заем од 1,3 милијарди евра, кој ќе го отплаќаат идните генерации. „Поради промашените проекции и огромната дупка во Буџетот, Владата повторно ја задолжува државата. Новите задолжувања не се користат за развојни проекти што ќе создадат економски раст, туку за покривање тековни трошоци и исплата на плати“, рече претседателот на СДСМ. Во услови кога работниците и семејствата не можат да врзат крај со крај, Филипче ја повика власта да го поддржи предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра. „Тоа е најмалку што власта може да го направи за луѓето чиј единствен приход е минималната плата. Истовремено, потребно е да им се помогне на компаниите и приватните бизниси, за зголемувањето да не претставува дополнителен товар за нив. Затоа предлагаме субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето на платите“, порача Филипче. Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=ly1khMpBrmw Скопје, 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter