Затворени избирачките места во Русија, според првичните резултати Путин освоил 87% од гласовите - Канал 5

Затворени избирачките места во Русија, според првичните резултати Путин освоил 87% од гласовите

Во Москва гласачките места за изборите за претседател на Русија беа затворени точно во 20:00 часот по локално време, а тридневните избори завршуваат во Калининградската област, најзападната руска ексклава на Балтичкото Море.

Затворени избирачките места во Русија, според првичните резултати Путин освоил 87% од гласовите

Веќе се објавуваат и првите излезни анкети, според кои, Владимир Путин освоил 87,97 отсто од гласовите.

Според РИА Новоски, истиот процент на освоени гласови го утврдила и Централната изборна комисија по преброени 24,4 отсто од гласачите ливчиња.

Николај Харитонов од Комунистичката партија има 3,8 отсто од гласовите, Владислав Даванков д партијата „Нови луѓе“ 3,73, а Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија 2,96 отсто.

Вкупната излезност на претседателските избори во Русија е 74,22%. Одѕивот на гласачите во Москва била околу 66 отсто.

Резултатот на Путин е рекорд во историјата на модерна Русија. Во 2018 година, тој освои 76,69%, а во 2012 година - 63,6%. Дмитриј Медведев победи во 2008 година со добиени 70,28% од гласовите. Во 2004 и 2000 година Путин победи со 71,31% и 52,9%. Во 1996 година, пак, Борис Елцин победи во вториот круг со освоени 53,82% од глаовите на рускиот електорат.

Гласањето во Русија траеше три дена, а гласачите можеа да изберат дали ќе гласаат на традиционален начин, користејќи хартиени гласачки ливчиња или електронски преку терминали за гласање. Можноста за електронско гласање на овие избори ја искористиле осум милиони Руси.

Ова се први претседателски избори на кои гласаат и жителите на четирите украински региони - регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година.

Според руски извори, во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон можеа да гласаат вкупно околу 4,5 милиони луѓе. На изборите гласаа и жителите на црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Украина го оцени гласањето на окупираните територии како кршење на меѓународното право, и го повика светот да не ги признава изборните резултати. Изборите во анектираните украински делови ги осудија и генералниот секретар на ОН Антони Гутереш и повеќе западни државници.

Претседателските избори ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, а акредитирани се повеќе од 200 парламентарни набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес.

Во Русија право на глас имаат околу 110 милиони граѓани. Конечните резултати од претседателските избори треба да бидат објавени најдоцна до 28 март./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. 

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата.

Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга.

Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот.

„Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот.

Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 главица кромид

1 домат

150 гр. свежи печурки

1 зелена лута пиперка

100 гр. кашкавал

малки мајонез

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер