Загина Хрват, повредени две Македонки и две деца во сообраќајка кај Нови Сад (ВИДЕО)

Според српските медиуми, во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Србија кај Нови Сад загинал хрватскиот државјанин М.А. (56) кој управувал Пежо со македонски регистарски ознаки.

Повредените жени и деца се државјани на Македонија.

Сообраќајната несреќа се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ кога Пежото се судрило со друг автомобил.

Пежото е уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливада, а наоколу останале расфрлани предмети.

Луѓето биле извлечени од автомобилот од пожарникари.

Портпаролката на Брза помош во Нови Сад др. Николина Мариќ изјавила дека постариот маж го загубил животот на лице место, а постарата жена во бессознание била пренесена во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад.

„Другата жена, родена 1990 година, во свесна состојба е пренесена во Итната помош на КЦВ, додека женско дете родено 2015 година и момче родено 2012 година, исто така во свесна состојба, се пренесени во Детската болница во Нови Сад. “, додаде Мариќ.

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците  низ градот.  

Во текот на изминатата ноќ се вршеше бележење на хоризонталната сигнализација на бул. Илинден во насока од бул. ВМРО кон улицата Никола Парапунов, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ Борис Трајковски, како и на улицата Франклин Рузвелт.

Вечерва машинско бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши во општина Центар на бул. М.Т.Гологанов на потегот од бул. Климент Охридски кон Рузвелтова.

Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров вчера вечер започна обележувањето на такси станиците. Вечерва обележувањето на такси станиците од страна на ЈП Улици и патишта продолжува во населба Автокоманда.

Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Град Скопје

Маск со критика до „Twitter“: Алгоритамот манипулира со корисниците

Илон Маск, избвршниот директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, истакна дека алгоритамот на „Twitter“: манипулира со корисниците.

Идниот сопственик на „Twitter“ на својот личен налог на оваа мрежа одлучи да го критикува алгоритамот на популарната платформа. Според неговите зборови, многи е важно Твитер корисниците да го поправат својот „Twitter feed“.

Маск истакна дека корисниците се „изманипулирани од страна на алгоритамот“ на начини кои и м се непознати на корисниците, и дека разликата можат да ја видат при префрлање меѓу „Latest Tweets“ и „Home Tweets“.

Маск објаснува дека не сугерира дека има „злоба во алгоритмот“, туку дека, во рамките на „Home Tweets“, алгоритмот се обидува да му покаже на корисникот што сака да прочита, што ненамерно ги манипулира/зајакнува неговите ставови без да сфати дека тоа се случува.

Маск понатаму споменува дека има грешки во кодот на „Twitter“, а за да се решат овие проблеми со доверба во алгоритмот, тој треба да биде со отворен код.

Чиле воведе вонредна состојба во регионот на народот Мапуче

Администрацијата на чилеанскиот претседател Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во јужните делови на земјата поради ескалацијата на насилството како последица на конфликтот меѓу државата и домородното население Мапуче.

Британските медиуми пренесуваат дека во насилството досега загинаа неколку лица, меѓу кои и активисти на Мапуче, припадници на безбедносните сили и шумари.

Чилеанската министерка за внатрешни работи, Изкиа Сичес, прогласи вонредна состојба во согласност со Уставот на Чиле, кој на армијата ѝ овозможува да ги чува важните правци и патишта во областите од епицентарот на конфликтот.

-Очигледно е дека во последно време имаме зголемен број на акти на насилство на патиштата и бевме сведоци на напади од кукавици, решивме да ги искористиме сите алатки на државата за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани, рече Сичес.

Тој додаде дека саботажите и палењата куќи, камиони и машини се зголемени во последните години во областа што важеше за исклучителен туристички регион.

Неколку групи од народот Мапуче бараат да им се врати земјиштето од предците, на кои во моментов работат шумските претпријатија.

Левичарската влада на Бориќ најавува дека ќе одвои околу 470 милиони долари за проекти за јавни работи во оваа област, заедно со претходно најавените планови за унапредување на враќањето на земјиштето и формирање на Министерство за староседелци.

Новата вонредна состојба е поограничена од онаа што ја воведе претходната влада, а самиот Бориќ изјави дека нема намера да ја обнови на начин што го определи неговиот десничарски претходник Себастијан Пинера, кој неколку пати ја продолжуваше вонредната состојба, но во март беше укината.

Некои групио од народот Мапуче поднесоа судски налог за заштита против Пинера, изјавувајќи дека вонредната состојба е произволна и незаконска.

Министерката Сичес рече дека владата побарала обвинителот да ги истражи криминалните организации и активности, како што се трговија со дрога и кражба на дрво во областа./МИА

притисни ентер