Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли - Канал 5

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли

Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама.

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли

На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Албанија и Македонија.

Во изјавата за медиумите премиерот Заев истакна дека Договорот е уште еден чекор во градењето на одличните односи помеѓу Македонија и Албанија кои како добри пријатели и соседи го имаат како приоритет олеснувањето на меѓуграничниот проток во интерес на граѓаните и на деловните заедници на двете земји.

„Навистина е задоволството кога двајца многу добри пријатели коишто водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство. Со потпишувањето на денешниот договор завршуваме еден сериозен процес на којшто работеа нашите Влади за да го отвориме „one stop shop" терминалот каде што нашите граѓани ќе го преполоват своето чекање во делот на поминувањето на нашите граници, но пред сѐ и над сѐ, ќе се создадат услови за остварување на четирите европски слободи за слободен проток на стока, луѓе, капитал на услуги", рече премиерот Заев во своето обраќање по потпишувањето на договорот.

Во таа насока воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за контрола.

„Јас верувам дека колку повеќе ги усовршуваме административните капацитети и ја пренесеме довербата комплетно на институциите едни помеѓу други, како што впрочем и тоа постои, само со завршување на административните процедури ќе овозможиме да расте нашата трговија, нашата соработка, да се унапреди дополнително пријателството меѓу двата народи и да продолжиме заедно да држиме така да кажам европски лекции затоа што нас нé врзува сегашноста нé врзува и иднината", нагласи Заев.

Претседателот на Владата Заев уште додаде дека двете земји како членки на НАТО, партнери, меѓусебно се помагаат и заедно се исправени пред предизвикот на следниот чекор на нашите процеси кон европските интеграции.

„Убедени сме дека секојдневно даваме само повеќе аргументи на европските пријатели за да донесат конечно позитивна одлука. Друг пат за нас нема, тоа е патот кон ЕУ затоа што нашите граѓани ги сакаат европските вредности да ги живеат овде, во Албанија, во Тирана, во Македонија, во Скопје. Ќе продолжиме на тој начин да работиме сé со конечна цел да оствариме што е можно поголема благосостојба, поголем економски просперитет и поголема среќа за Албанците, за македонскиот народ и сите етнички заедници кои што живеат во Македонија. Драго ми е што денес, после овој Самит навистина можеме да завршиме една ваква посета со ваков договор и да испратам порака до нашите граѓани, до стопанствениците да ги користат придобивките од заедничките гранични и царински контроли, да ги мотивира да прават уште поголема трговија и соработка затоа што само така и животот ќе ни биде подобар и посреќен на сите", рече премиерот Заев.

YouTube video

Премиерот на Република Албанија, Еди Рама од своја страна потенцираше дека овој договор значително ќе го олесни движењето меѓу граѓаните на двете држави.

„Сакам и јавно да му се заблагодарам од сè срце на Премиерот за неговиот енергичен пристап до крај и за неговата непоколеблива волја да го придвижи овој процес напред, како на билатерален аспект, така и на регионално ниво, и секако ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за неговото доаѓање и присуство овде заедно со целиот свој тим", рече премиерот Рама на церемонијата по повод потпишувањето на Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Албанија и Македонија,се наведува во соопштението од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Докторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони

Употребата на паметни телефони го зголемува ризикот од главоболки кај децата за 1,5 пати, а кај предиспонирани пациенти може да предизвика порано појавување на мигрена.

Докторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони

Ова го изјави неврологот во Федералниот центар за неврохирургија во Новосибирск и вонреден професор на Одделот за невронауки на Државниот универзитет во Новосибирск, Галина Мојсак.

Еквиваленти или прекурсори на мигрена

„За жал, мигрените кај најмладите ретко се препознаваат на време денес. Честопати, возрасните ги толкуваат проблемите на децата како нормално преоптоварување на училиштето или замор. Сепак, првите напади можат да се појават уште на возраст од три до пет години“, објасни Мојсак.

Таа забележа дека клиничката слика на мигрена кај децата може значително да се разликува од онаа кај возрасните. Болеста не секогаш започнува со карактеристична еднострана пулсирачка главоболка.

„Покрај типичната болка од мигрена, децата доживуваат таканаречени еквиваленти или прекурсори на мигрена. Тие вклучуваат, на пример, повторливи, интензивни епизоди на повраќање во отсуство на гастроинтестинални или заразни причини или ненадејни напади на вртоглавица. Само по некое време, понекогаш месеци или години, овие симптоми се развиваат во класична главоболка“, нагласи специјалистот.

Намалување на сивата материја во мозокот

Според докторката, важно е родителите да не ги игнорираат повторувачките циклични поплаки на своето дете за лошо расположение и гадење, особено по преоптоварување или продолжено изложување на дигитални екрани, и навремено да се консултираат со педијатриски невролог.

Мојсак претходно изјави за ТАСС дека луѓето кои страдаат од хронични мигрени (со напади што се случуваат повеќе од 15 пати месечно) доживуваат намалување на сивата материја во мозокот, што може да доведе до намалена концентрација и оштетување на меморијата.

Таа наведе строго придржување кон дневната рутина, ограничување на предизвикувачите и одење во кревет во исто време како примарен метод за заштита на нервниот систем без лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)

Уште една „прошетка“ на диви свињи во населено место е снимена вчера вечерта во Солун, вториот по големина град во Грција.

Крдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)

Како што може да се види во видеото објавено на TikTok, вкупно 12 диви свињи се забележани во областа Харилау, објавија грчките медиуми.

„Мислам дека вечерните излети завршуваат тука“, напиша жител на областа, кој го снимаше крдото диви свињи.

Животните, кои можат да бидат исклучително опасни, мирно шетаа среде ноќ во потрага по храна, без никој да ги допре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија

Албанецот Албин Бејтулаху (23) од Вучитрн е осомничен за вмешаност во убиството на 15-годишно момче во Марсберг, Германија. 

Албанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија

Тој се предал на полицијата заедно со неговиот соучесник откако германските власти издале налог за претрес по нив, објави Билд.

Полицијата во Дортмунд соопшти дека двајцата осомничени, на возраст од 22 и 23 години, се предале на властите.

Претходно биле издадени налози за апсење поради сомнение за убиство со умисла и нанесување тешки телесни повреди.

Според германските власти, тие се осомничени дека учествувале во тепачка во населбата Есенто во Марсберг во саботата, 19 септември, во близина на приватна роденденска забава.

За време на тепачката, 15-годишникот од Дортмунд бил избоден со нож и починал на местото на настанот. Друг млад човек, на возраст од 18 години, се здобил со тешки повреди и е однесен во болница.

Полицијата започнала потрага по осомничените и објавила нивни фотографии. Полицијата, исто така, користела хеликоптер за време на претресот во областа Марсберг. Властите соопштија дека, и покрај нивното бегство, немало проценка дека постои закана за населението.

Осомничените се од Хам. Според информациите објавени од германските медиуми, едниот е грчки државјанин, додека другиот е од Косово. Тие се идентификувани како Алекс Олтаси (22) и Албин Бејтаљаху (23).

По нивното предавање, јавната потрага по нив е прекината. Во среда, на 23 септември, двајцата се изведени пред судија за притвор.

Истрагата за околностите и мотивот на конфликтот продолжува. Обвинителството сè уште не објавило целосни детали за тоа како започнал конфликтот и што довело до употреба на насилство. Властите, исто така, ја истражуваат специфичната улога на секој од двајцата осомничени.

Според непотврдени информации, група млади мажи се судриле поради девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер