Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
1Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
Шоу бизВуди Харелсон и Метју Меконахи признаа дека се степале: Падна и крв (ВИДЕО)Метју Меконахи и Вуди Харелсон открија дека нивното повеќе од 30-годишно пријателство не било секогаш мазно и без проблеми. Двајцата актери признаа дека со текот на годините знаеле како физички да се борат еден против друг, а во тие борби двајцата излегле како победници. Имало крв, скршени заби и исечени усни. „Имало крв. Не скршивме коски, но крвта течеше и повторно ќе тече“, се пошегува Меконахи за Entertainment Weekly. Харелсон потврди дека во една од конфронтациите, неговиот пријател завршил со скршен заб и исечена усна. Меконахи објасни дека сè се случило откако Вуди „случајно замавнал премногу силно“ и го удрил право во вилицата. „Тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња, има неверојатно чувство за простор“, се пошегува Меконахи. „Тоа е целосна бесмислица кога вели: „Упс, не сакав да ја испружам раката толку далеку, промашив за десет сантиметри“. Тој точно знае каде му е секој дел од телото.“ Харелсон призна дека двајцата често се судираат, но истакна дека зад сè стои силно пријателство. „На крајот, се сакаме еден со друг. Се прегрнуваме, мешаме пијалоци и сè е повторно одлично“, рече тој. Нова серија инспирирана од нивните животи Актерите, најпознати по нивната заедничка улога во серијата „Вистински детектив“, ќе бидат повторно заедно на екранот во серијата „Браќа“ за Apple TV+. Во осум епизоди, тие ќе играат фиктивни верзии од себе кои истражуваат семејна тајна и почнуваат да се прашуваат дали всушност се браќа. Серијата е инспирирана од необична приказна од нивниот вистински живот. Мајката на Меконахи, Кеј, му кажала на Харелсон во 2017 година дека го запознала неговиот татко околу времето кога бил зачнат Метју. „Разговараме за тоа со години и стана забавна тема секој пат кога се собираме со нашите семејства, уште откако мајка ми го спомна тоа таа вечер во Грција“, изјави Меконахи за The Hollywood Reporter. Тој додаде дека неколку години подоцна, Вуди имал идеја дека целата приказна може да стане основа за серија. „Ми рече: „Знаеш што? Зошто да не го направиме тоа во серија?“ Му реков дека всушност е добра идеја“, рече актерот. Меконахи не сака ДНК тест Иако ДНК тестот би можел да даде одговор на прашањето дали гласините за можна врска се вистинити, Мекконахи засега не сака да ја потврди вистината. Тој објасни за „Њујорк тајмс“ дека резултатот би можел да го промени она во што верува целиот свој живот. „Можеш да откриеш дека твојот татко не е личноста за која мислеше дека е твојот татко 50 години“, рече тој. Тој исто така нагласи дека неговиот став нема никаква врска со фактот дека таткото на Вуди, Чарлс Харелсон, бил осуден платен убиец. „Не, не сум навистина загрижен за тоа“, додаде Меконахи.Тагови: Вуди Харелсон Метју Меконахи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook