„Мигрената е повеќе од главоболка“, Национален ден на мигрената - Канал 5

„Мигрената е повеќе од главоболка“, Национален ден на мигрената

Од 12 до 15 % од населението во Македонија има потврдено мигрена, состојба која два до три дена со не можност за функцинорање во животот, објаснуваат невролозите. 

„Мигрената е повеќе од главоболка“, Национален ден на мигрената

Од 12 до 15 % кај населението во Македонија има потврдено мигрена, состојба која два до три дена не можат за функцинорање во животот, објаснуваат невролозите. На денешниот ден посветен на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“, докторите објаснија дека луѓето во консултација со својот матичен доктор треба да заминат на невролог.

„Тоа се симптоми кои траат со денови, и навистина не може пациентот да работи да функционира. Силна главоболка, повраќање, вртоглавица. Мигрената е многу честа појава“, вели проф.д-р Емилија Цветковска Македонско невролошко здружение.

Директорот на клиниката Божиновски објаснува дека од февурари на клиниката има посебен кабиент за лекување на мигрена, каде со новата генерација на лекови на товар на фондот успешно се лекува ова заболување.

„Резулатите се солидни, што значи дека таа главоболка се стопира и има можност со новите лекови да има навистина живот без болка. Ние досега третираме 117 пацеинти и секако има можност и за нови пациенти“, вели д-р Јован Божиновски директор на Клиника за неврологија.

Невролозите потенцираа дека голем дел од граѓаните не доаѓаат на лекар и се лекуваат со седење во темна и мирна просторија со обични аналгетици што не помагаат, а состојбата се повторува. Во Европа има 50 милиони луѓе со мигрена, најчесто е заболување кај жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. 

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер