По 12 години штедење, ја отвориле касичката и останале без зборови (ВИДЕО) - Канал 5

По 12 години штедење, ја отвориле касичката и останале без зборови (ВИДЕО)

Едно семејство по 12 години одлучи да отвори голема касичка-прасе што ја полнеле уште кога децата им биле мали. 

По 12 години штедење, ја отвориле касичката и останале без зборови (ВИДЕО)

Не ги трошеле парите што ги наоѓале на нешто секој ден, туку решиле да ја користат за заедничко патување.

Сара, која споделува семејни патувања и авантури на социјалните мрежи, објави видео од моментот кога конечно ја отвориле својата домашна касичка-прасе. Проект што започнал како детска навика се претворил во повеќегодишна семејна традиција.

Касичка-прасе со посебна приказна

Нивната касичка, која ја нарекле Роузи, не е обичен сад за собирање ситни пари. Направена е во 1996 година, кога сопругот на Сара и неговиот татко ја направиле од стар резервоар за пропан и ја претвориле во форма на прасе.

Сопругот на Сара ја користел касичката кога растел, а подоцна им ја дал на своите деца за да ги охрабри да штедат и да им ја покаже вредноста на парите.

Роузи е дизајнирана да се празни без да се скрши. Едната нога од касичката е шуплива, а на нејзиното дно има отвор што е пробиен за да се испуштаат парите. После тоа, касичката може да продолжи да му служи на семејството.

По 12 години, пристигна изненадување

Видеото го прикажува семејството како користи дупчалка за да го отвори дното на касичката, по што паѓаат бројни монети и банкноти. „Моите деца пораснаа со оваа касичка и ја наполнија со кусур. По 12 години, конечно ја отворивме“, напиша Сара со видеото.

Парите што ги пронајдоа беа повеќе отколку што очекуваа, а дел од сумата беше скриена како изненадување. Со текот на годините, сопругот на Сара фрли неколку поголеми банкноти за да ги забавува децата кога ќе дојде време да се отвори.

„Тој, исто така, фрли неколку поголеми банкноти како изненадување за децата кога конечно ја отворивме“, откри Сара.

Семејството нагласи дека не станува збор за голема животна заштеда, туку за пари што биле случајно собрани со години. „Ова беше само кусур што го внесувавме со години, со некои банкноти кон крајот“, објаснија тие.

Откако ги сортираа и пребројаа парите заедно, при што проверија и дали има скриени ретки примероци меѓу монетите, пресметаа дека во касичката има 2329,27 долари, односно околу 1985 евра.

Ги потрошија парите на семејно патување

Семејството одлучи дека нема да ги остават парите од Роузи настрана, туку ќе ги претворат во заедничко сеќавање. „Ги искористивме заштедите од касичката за патување“, напиша Сара.

Таа додаде дека целото семејство со нетрпение го очекува она што го опиша како „голем семеен одмор“ и искуство што ќе го паметат долго откако касичката конечно се испразни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања.

-Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност.

-Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК

Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата

Речиси една година Македонија е без стратешки документ за борба против корупцијата. 

Никако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата

Од Платформата на граѓански организации реагираат дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата. Освен тоа веќе подолг период, укажуваат невладините, нема никакви антикорупциски активности и мерки за коишто се задолжени самите институции истите да ги спроведуваат.

-Стравот е дека ќе останеме цела година без стратегија, дополнително сето тоа ќе влијае на самиот акциски план и во наредните години на имплементација, а секако и институциите нема да бидат соодветно спремни навремено да започнат со имплементација, а уште помалку со обезбедување средства, што ааа е секогаш една од најголемите критики за тоа зошто не се спроведуваат одредени антикорупциски мерки. – Снежана Камиловска – Трповска – МЦМС

Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2030 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието. Но и покрај комисиските расправи и усвоените заклучоци во септември, документот не стигна на пленарка пред пратениците.

Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши нема одговор зошто стратегијата досега не се најде на пленарна седница и кога планира да ја стави на дневен ред.

Дека не е усвоена новата стратегија за борба против корупцијата предупреди и ЕК во последниот извештај. Во него Брисел констатира дека Македонија нема напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, која и понатаму е широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост.

Од Платформата на граѓански организации го повикуваат Собранието без понатамошно одложување да ја разгледа на пленарна седница и да ја усвои Стратегијата заедно со акцискиот план, предупредувајќи дека одолговлекувањето директно ја загрозува реализацијата на мерките предвидени за 2026 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управа

Дали е неопходно министрите и директорите да имаат заменици, треба ли да се намали бројот на министерства, има ли јасна разграниченост на надлежностите на институциите.

Државните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управа

Овие дилеми ги отворија експертите на јавната расправа за нацрт законот за организација и работа на органите на државна управа, во собраниската комисија за политички систем. Според стручната фела, неопходно е да има промени на актуелниот закон стар 26 години и да се укинат непотребни агенции, дирекции и паралелни тела кои само го оптеретуваат државниот апарат. Имаа пофалби, но и конкретни забелешки за нацрт верзијата на законот.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев уверува дека работат на суштински, а не на козметички законски измени, со цел да се прецизираат надлежностите и одговорностите на органите на државната управа.

Со овој закон е предвидено да има оценување на секои пет години за оправданоста и функционалноста на самостојните органи. Исто така се разграничува политичката одговорност за носење на јавните политики, од професионалната одговорност на администрацијата за нивното спроведување.

Законот е дел од реформската агенда, а откако ќе бидат вградени дел од сугестиите на експертите, ќе влезе во собраниска процедура. За негово донесување е потребно двотретинско мнозинство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер