Заев: Да си честитаме и да славиме, одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ!

Премиерот Заев на прес конференција по повод поканата Република Македонија да биде членка на НАТО, порача: Да си честитаме и да славиме, одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ!

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на владината делегација со Заменик претседателот во владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и Советникот за безбедносни прашања Зоран Верушевски, денеска одржа прес конференција за медиумите што известуваа од Самитот на шефови на држави и влади на НАТО, соопштуваат од владината прес служба и ја пренесуваат изјавата на премиериот Заев во Брисел во целост.

Во овој момент, Ве поканувам сите Вас, секој од Вас - свртете се кон тој или таа што ви се најблиску во овој момент, и честитајте си: Нека ни е честит и вековит овој ден и овој историски успех на Македонија, оваа победа на граѓаните на Македонија!

Денес НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата. Денес ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот.

Ова е покана за полноправно членство во водечкиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена.Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи.

Ова е ден кога се обединуваме со сите наши политички разлики околу остварениот сон, околу надежта која денес стана реалност.

Сон и надеж што ни се заеднички на сите. Затоа е денот голем, затоа радоста е голема.

Радоста е голема и зашто во неа се вградени напорите на сите чинители од создавањето на независна и самостојна Република Македонија до денес. Граѓаните од сите градови и населени местa низ државата. Сите наши пратеници од сите политички партии, во сите собраниски состави. Сите претседатели и членови на Владите на независна Република Македонија. Огромното мнозинство граѓанки и граѓани.

Денес да се обединиме, да си честитаме и да си посакаме уште една желба: Да ја направиме Република Македонија, ѕвездата на Балканот, да биде и нова голема надеж за регионот и за Европа!

НО, уште повеќе: Да ја оствариме новата надеж за граѓаните на Република Македонија! Да зачекориме побрзо и да станеме членка во Европската Унија!

Да продолжиме со силна политичка волја, со искрен дијалог и со подготвеност за решенија.

Да продолжиме со чекорите до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме „Да, за нашата иднина! Да, за македонската иднина!“

Да кажеме „Да!“ за нашиот сојуз со НАТО. „Да!“ за ЕУ – ДА за за безбедна иднина, сигурно општество во економски подем, за благосостојба на сите наши граѓани.

Да бидеме силни заради нас, заради нашата држава, и заради иднината на нашите и на следните генерации.

Почитувани граѓани, ве повикувам во сабота на 14 јули, да прославиме заедно низ градовите во Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде со домашна музика ќе си честитаме, затоа што ОДИМЕ НАПРЕД и затоа што МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО НАТО И ЧЕКОРИ КОН ЕУ!

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

притисни ентер