Со повреди во стомакот и едната рака, останува на одделението за интензивна нега во болницата во Банска Бистрица.
-Операцијата траеше пет часа, на која беа вклучени два тима доктори. Хируршки и трауматолошки, пациентот има повеќе прострелни рани, чии последици ќе влијаат на неговото заздравување. , изјави Мириам Лапуникова, докторка во болницата.
Полицијата јавно не го соопштува ниту мотивот, ниту идентитетот на атентаторот, иако медиумите веќе го прогласија 71-годишниот словачки писател Јурај Цинтула за извршител. Проструи и наводна видео снимка од неговото сослушување во полициска станица, на која тој признава дека нападот е политички мотивиран.
-Не се согласувам со политиката на владата. Масовните медиуми се ликвидираат, зошто се напаѓа РТВС, зошто Мажак е сменет? , изјави Јурај Цинтула, наводно осомничен за атентатот.
Словачките власти алармираат да се смират политичките страсти. Миниситерот за внатрешни дури алармираше дека земјата е на праг на граѓанска војна, за што обвини дел медиумите и социјалните мрежи за ширење говор на омраза. Новоизбраниот претседател повика на разум.
-Како иден претседател, згрозен сум од степенот на омраза поради различно политичко мислење. Не смееме да одговараме на омраза со повеќе омраза, инаку ова зло никогаш нема да престане. Петер Пелегрини, новоизбран претседател на Словачка.
На удар на јавноста се најде и обезбедувањето на Фицо. Дел од експертите во Словачка избројаа неколку клучни грешки - од тоа дека бодигардите делувале некоординирано и никој од нив не скокнал да го заштити со што дозволиле напаѓачот да испука дури пет куршуми од непосредна близина. Ова уште повеќе што и самиот Фицо пред еден месец алармираше дека можеби ќе биде мета на напад.
-На улица грубо се навредуваат владините политичари, а јас само чекам оваа фрустрација, која толку интензивно ја продлабочуваат Деник Н, „Сме“ и „Актуалити“, да се претвори во убиство на еден од водечките владини политичари. Не претерувам ниту за милиметар. , изјави тогаш Роберт Фицо, премиер на Словачка (10 април).
Ова е и прв напад врз политички лидер во модерната историја на Словачка и во последните две децении во Европа. Последен пат жртва на атентат беше беше екс српкиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003-тата.