Сиднеј: Тинејџери планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите

 Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми.

Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин.

Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април.

Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia.

Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот.

Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист.

Еј-Би-Си објави дека на нивниот син му се допаѓаат онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а сликата на профилот на момчето Вотсап е слика на самиот Бин Ладен. /МИА

Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Во сообраќајна несреќа кај Сињ во Хрватска утрово загинаа четири лица за кои полицијата се сомнева дека се мигранти, а уште неколку се повредени.

Како што јавија хрватските медиуми помеѓу загинатите е и дете на 14-годишна возраст.

Според медиумите, за време на полициската потера од Триљ кон Брназ, автомобил „Ауди“ со унгарски регистарски таблички, бегајќи од полицијата, поради несоодветна брзина удрил во ѕид од трафостаница при што загинале четири лица. Во сплитската болница се пренесени пет лица со тешки повреди меѓу кои и дете.

Сплитската полиција соопшти дека патничкото возило излетало од патот, а потоа удрило во ѕид.

Објавена книгата „Блаже Конески – македонски тестамент“ на Свето Стаменов

 Од печат излезе книгата „Блаже Конески – македонски тестамент“ на политиколог, новинар и публицист Свето Стаменов. 

Книгата е своевидна збирка на радио-разговори реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески – основоположник на современата македонска култура.

На 590 страници Б-5 формат објавени се 37 интервјуа со истакнати македонски и странски универзитетски професори, лингвисти, слависти и македонисти – врвни познавачи на животните и творечки врвици на Блаже Конески, од кои 28 беа реализирани во текот на 2021 година – Годината во чест на Конески, во рамките на редовните програми „Актуелно“ и „Радио спектар“ на Македонското радио – Радио Скопје, а девет разговори беа реализирани во годините пред Годината во чест на Конески, односно во периодот од 2017 до 2020 година во авторскиот проект „Quo vadis“ и во програмата „Актуелно“.

Во книгата со свои видувања за животните врвици и дело на Блаже Конески се застапени проф. д-р Васил Тоциновски, две интервјуа, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, четири интервјуа, проф. д-р Искра Пановска Димкова, проф. д-р Лидија Тантуровска, Тони Гламчевски, проф. д-р Атанас Вангелов, проф. д-р Ана Витанова Рингачева, проф. д-р Димитар Пандев, седум интервјуа, академик проф. д-р Влада Урошевиќ, проф. д-р Златко Крамариќ, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, две интервјуа, проф. д-р Елена Јованова Грујовска, проф. д-р Људмил Спасов, пет интервјуа, проф. д-р Лилјана Макаријоска, проф. д-р Ана Мартиноска, проф. д-р Агим Пољоска, проф. д-р Трајан Гоцевски, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Милан Јазбец, доц. д-р Бобан Карапејовски, д-р Славчо Ковилоски и Атанас Конески.

Покрај тоа, книгата, која излезе со финансиска поддршка на Министерстото за култура, е збогатена и со рецензиите на проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Милан Јазбец, Љубен Конески и доц. д-р Бобан Карапејовски.

„Блаже Конески – македонски тестамент“, авторот ја посветува во знак на огромна благодарност и вечен спомен на неговата животна сопатничка Искра Чоловиќ, доајен на македонското спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, автор и коавтор на 14 книги.

Инаку, Свето Стаменов, како свој прилог кон сеопштото одбележување на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во 2021 – годината во чест на Конески, заедно со проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ ги приреди зборниците на трудови „Навраќање кон Конески“ и „Уште едно навраќање кон Конески“, во кои беа објавени осумдесетина трудови на македонски и странски автори посветени на ликот и делото на великанот Блаже Конески. На стогодишнината од раѓањето на Конески беше посветена и неговата двотомна книга „Јазикот – нашата единствена комплетна татковина“, која содржи 50 интервјуа посветени на македонскиот современ јазик.

Приштина го „конкретизираше“ ветувањето, се обврза на воспоставување на ЗСО

Приштина го „конкретизираше“ ветувањето, во писмо до Советот на Европа се обврза на воспоставување на ЗСО.

Во писмото до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Владата на Косово се обврза да подготви нацрт-статут за Заедницата на српски општини (ЗСО), односно за здружување на општините со српско мнозинство.

„Владата на Република Косово во писмото се обврзува да подготви нацрт за воспоставување механизам за самоуправување, координација и соработка на општините со српско мнозинство на Косово, кој ги исполнува наследените меѓународни обврски на Косово, ги исполнува потребите на граѓаните на српската заедница на Република Косово, но во исто време го почитува Уставот во целина, како и секој негов детал, и сите закони на Република Косово, како и принципите на Советот на Европа“, објави Mинистерката за надворешни работи на Косово, Домника Гервала на својот Фејсбук профил.

Предлог-статутот на здружението на општините со српско мнозинство, додаде таа, служи на целта на владата за интегрирање на заедниците, но и за спроведување на законите на Косово во сите општини.

притисни ентер