Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Воздухопловна команда на НАТО: Норвешка има за цел да користи биогориво за ловците Ф-35

Норвешка има за цел да користи биогориво за повеќенаменски ловци Ф-35.

Норвешката армија има за цел да користи биогориво за своите авиони Ф-35 до крајот на годината, соопшти денеска воздушната команда на НАТО.

„Оваа иницијатива покажува дека биогоривото може да се користи за Ф-35 и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод од авионите. Декарбонизацијата е важна цел во Акцискиот план за климатски промени и безбедност“, се додава во соопштението на платформата Икс.

Покрај намалувањето на емисиите на јаглерод, употребата на биогорива може да придонесе за енергетска безбедност преку намалување на зависноста од традиционалните фосилни горива.

Блинкен: САД ќе обезбедат дополнително воено финансирање за Украина од две милијарди долари

САД ќе обезбедат дополнително воено финансирање за Украина во износ од две милијарди долари, соопшти денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, цитиран од светските агенции.

Тој го соопшти ова на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Киев.

„Новиот пакет воена помош ќе биде насочен кон инвестирање во индустриската база на Украина“, рече Блинкен.

Тој исто така рече дека САД итно ќе испратат муниција, оклопни возила, проектили и опрема за противвоздушна одбрана во Украина за да обезбедат нивна брза испорака до линиите на фронтот додека украинските сили се обидуваат да ја одбијат руската копнена офанзива во североисточниот регион Харков.

Најочекуваниот филм: Се снимаше со децении, режисерот вложил свои 120 милиони долари

Во пресрет на синоќешното отворање на 77. Кански филмски фестивал, пристигна трејлер за еден од најочекуваните филмови, кој е и во главната натпреварувачка селекција на Кроазета - „Мегалополис“ на познатиот Френсис Форд Копола.

- Нашиот нов филм „Мегалополис“ е најдоброто дело што сум ја имал привилегијата да режирам – рече Копола.

Светската премиера на овој филм, на кој познатиот американски режисер работеше со децении, е закажана за четврток на 77. Кански филмски фестивал. И во пресрет на премиерата на „Croisette“, конечно беше објавен првиот трејлер за епскиот спектакл.

Копола го напиша сценариото за овој филм пред четириесет години. И уште од осумдесеттите години на минатиот век се обидуваше да го протурка до големите холивудски студија, но тоа не му беше овозможено.

А легендарниот режисер кој стои зад трилогијата „Кум“ или реализацијата на „Апокалипса денес“ и „Прислушување“ ги презеде работите во свои раце и во филмот вложи дури 120 милиони долари од сопствените пари.

Во синопсисот на „Мегалополис“, толку долгоочекувано и вистинско остварување, се зборува дека се зборува за римската епска бајка, сместена во замислена модерна Америка, објави „Варајети“.

Градот Нов Рим мора да се промени. Но, оваа промена неизбежно води до конфликт помеѓу генијалниот уметник и архитект Чезаре Катилин, кој го игра Адам Драјвер, чија аспирација е да „скокне“ во утопистичка, идеалистичка иднина, и неговиот главен противник, градоначалникот Френклин Цицеро. Тој градоначалник, кој го глуми Џанкарло Еспосито, сака да го задржи регресивното статус кво, каде сè се сведува на интереси, алчност, војување.

Извор: Аваз

притисни ентер