За големото дерби Пелистер-Вардар во сабота се отвараат вратите на новата трибина на Тумбе кафе - Канал 5

За големото дерби Пелистер-Вардар во сабота се отвараат вратите на новата трибина на Тумбе кафе

Со „вечното македонско дерби“ помеѓу ривалите, фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, в сабота од 13.00 часот, општина Битола, ќе ја пушти во употреба реконструираната северна трибина на стадионот „Петар Милошевски“. 

За големото дерби Пелистер-Вардар во сабота се отвараат вратите на новата трибина на Тумбе кафе

Откако деновиве беа изведени завршните градежни работи за поставување на столчињата, трибината со капацитет за 4800 гледачи е подготвена за прием на навивачката публика.

Иницијативата која започна во 2014 по желба на битолчани, конечно станува реален проект, чии бенефити ќе може да ги користи Битола и нејзините вљубенци во спортот, а пред се фудбалските фанови.

Трибината се полни низ седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Oрганизирана е во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места. Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.

Општина Битола е единствената општина во државата, која реализира ваков капитален проект од сопствени средства, од кој активностите согласно склучените договори се целосно реализирани.

Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Охрид: Пуштен е во употреба реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на Денот на независноста на Македонија го пушти во употреба реновираниот охридки аеродром „Св.Апостол Павле“.

Мицкоски од Охрид: Пуштен е во употреба реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“

„Добар ден и од мене, најпрво да заблагодарам на присуството на колегите од Владата, на градоначалниците, на пратениците од македонското собрание, на претставниците на општините кои се во близина на охридскиот аеродром, да се заблагодарам на раководството на ТАВ аеродроми кој што е дел од француската групација Aéroports de Paris, да се заблагодарам на претставниците на медиумите кои што исто така континуирано во периодот кој што е зад нас не пратат и кои што со нивното известување сето она кое што го правиме го доближуваат поблиску до граѓаните.

Можам да кажам дека ова денеска што го гледаме овде во Охрид означува значаен исчекор во насока на подобрување на квалитетот на услугите кои што аеродромите во Македонија ги нудат, со ова охридскиот аеродром навистина добива една поинаква динамика, едно поинакво светло, еден поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ќе ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува, а ние како Влада ќе продолжиме да ја поддржуваме таа активност со поддршката којашто и досега ја дававме.

Во периодот кој што следи ќе гледаме таа уште повеќе да ја зголемиме бидејќи охридскиот аеродром е значајна алка пред се за развојот на целокупниот регион, за развој на Македонија како држава, но истовремено и развој на Охрид, на Струга и другите општини кои што се во близина на овој аеродром, повеќе туристи, повеќе туристички потенцијал затоа што на тој начин ние практично ја развиваме и македонската економија.

Од тоа што можев да го дознам, од претставниците на ТАВ аеродроми коишто навистина импресионираат со нивната работа во Македонија изминативе години, е фактот дека оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден кога практично имаме добиено најголем број на патници до сега во историјата, повеќе од 3 илјади на еден ден. А, исто така имаме и ден кога има повеќе од 20 полетувања што исто така претставува значајна бројка, бројка која што е за почит.

Јас сум убеден дека во периодот којшто претстои со овие градежни активности и поддршката која што ја даваме како Влада овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до ние бројки коишто претставуваат наш нов таргет, бидејќи на оној неформален дел пред овој настан кога разговаравме заклучивме дека таргетите кои што беа поставени пред нешто помалку од 20 година одамна се пристигнати и надминати, сега се бориме со нови таргети и убеден сум дека тие нови таргети ќе бидат дел од агендата на концесионерот. Но исто така ќе бидат дел и од агендата на македонската влада , а ние ќе продолжиме и понатаму на инвестираме во инфраструктурата и да ја направиме Македонија она што за нас претставува цел, а тоа е крстосница во регионот што претставува значајна, стратешка, компаративна предност споредена со останатите земји во регионот.

Јас знам дека имаме сеуште многу проблеми за решавање, знам дека можеме не се живее онака како што посакуваме да се живее, но исто така сум убеден дека со сите овие инвестиции кои што ги прави македонската влада, со сите овие активности коишто ги правиме како Влада денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години.

А убеден сум дека за три години од денеска Македонија ќе биде уште подобро место за живеење споредено со денес. На што го темелам ова мое убедување? Го темелам на фактот дека сме мотивирани како никогаш досега, а поддршката која што ја добиваме од граѓаните не инспирира како никогаш досега да продолжиме да работиме, да испорачуваме тоа што граѓаните го очекуваат од нас.

Уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите присутни, за поддршката која што ја даваат, за реализирање на сите овие проекти, уште еднаш да се заблагодарам на концесионерот ТАВ аеродроми кој што е дел од француската групација Aéroports de Paris, да посакам уште многу проекти да реализираме заедно на македонските аеродроми, па и во Скопје и на овој тука во Охрид.

Уште многу години успешна заедничка соработка. На медиумите исто така да им се заблагодарам што исто така континуирано ја следат работата на Владата и објективно информираат кај граѓаните она што македонската влада го прави и сосема на крај би сакал да го честитам денот на независноста.

Нека ни е честит празникот, и нека ни е вечна Македонија. Ви благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Европската комисија да ја поддржи забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години во ЕУ. 

Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ

Неговата канцеларија објави дека тој се одлучил за тој потег откако Франција не успеа да воведе свој закон, пишува Ројтерс.

Писмо до Урсула фон дер Лајен

Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 29 август, Макрон изјави дека воведувањето забрана на ниво на целата Унија станало итно. Тој нагласи дека новото законодавство на ЕУ е неопходно бидејќи францускиот Уставен совет го отфрли националниот закон ова лето, непосредно пред да стапи на сила во септември.

„Верувам дека сега е потребно да се оди чекор понатаму и да се воведе единствена забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години преку новата европска законска рамка. На тој начин би ги заштитиле сите деца во Унијата“, напиша Макрон во писмо до кое дошле Ројтерс и други медиуми.

Поделени ставови во Европа

Откако Австралија воведе таква забрана минатата година, неколку европски земји размислуваат за слични ограничувања. Причината е растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз менталното здравје и безбедноста на младите луѓе. Сепак, некои земји, особено оние во Скандинавија, веруваат дека одлуката треба да ја донесат родителите.

Приоритетот на Макрон и плановите на Комисијата

За Макрон, ова прашање стана приоритет во последната година од неговиот претседателски мандат, пред изборите во 2027 година. Тој веќе некое време лобира кај другите влади на ЕУ да ги поддржат овие ограничувања. Тој исто така најави дека, без оглед на исходот на европско ниво, Франција ќе го финализира законот што Уставниот совет го поништи, иако политичката фрагментација во парламентот и тешките преговори за буџетот би можеле да го отежнат неговото усвојување.

Фон дер Лајен уште во јули изјави дека Европската унија ќе преземе чекори за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за најмладите во сите 27 земји-членки. Таа се осврна на предлозите на двајца автори кои препорачуваат воведување систем по возрасни групи. Според тој модел, децата под 13 години би имале само ограничен надгледуван пристап, додека ограничувањата постепено би се ублажувале со возраста.

Макрон, од друга страна, се залага за построг пристап и повикува на целосна забрана за користење на социјалните мрежи до 15-годишна возраст. Тој го испраќа своето барање пред говорот за состојбата на Унијата што Фон дер Лајен ќе го одржи во Европскиот парламент на крајот од овој месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)

Возач кој вчера се враќал од Жабљак испратил на познатата Инстаграм страница „Подгорица Тајм Машин“ загрижувачки информации за пожарите во областа Шавник.

Пожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)

Како што наведува, активни пожари може да се видат на неколку локации низ Цена Гора, додека голем дел од теренот веќе е зафатен од пламен и претрпел значителна штета.

„Оган гори насекаде. Огромни пожари, а голем дел од областа веќе е изгорен. Она што најмногу ме вознемирува е што не видов ниту едно противпожарно возило по целиот пат, ниту пак некоја сериозна акција за ставање на пожарот под контрола и спречување на уште поголема штета“, наведува читателот.

Тој додава дека сцените на кои наишол се многу вознемирувачки и дека е тажно да се гледа како пожарот ги проголтува шумата и природните пејзажи.

Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават секој пожар што ќе го забележат кај надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер