НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026-„Најдобра банка за физички лица“
1НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026-„Најдобра банка за физички лица“
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
1Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
3Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
Веб ТВЗа Еленовски Груевски практикувал Хибриден режим а тој остана до 2016 год. амбасадорFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026-„Најдобра банка за физички лица“НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство. Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните. Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица. Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на овa признаниe се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар. НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлучувањата во Гостивар повод и за партиски реакцииОпозициската СДСМ обвинува за задоцнета реакција од институциите за загадената вода во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот Лимани. Според Филипче надлежните институции потфрлиле во навременото откривање и спречување на епидемијата. Го повика здравствените власти веднаш да ги објават резултатите од анализите во водата и предупреди на ризик од дополнителни здравствени последици доколку загадената вода во гостиварско и понатаму продолжи да се користи. „Зошто квалитетот на водата, Центарот за јавно здравје, не го испитувал секој ден? Каква вода се користат рестораните во кои има масовни собири, а тоа се свадби, многу атрактивни во овој период. Гледаме дека е забранета водата за користење, има некоја препорака да се користи техничка вода… која е таа техничка вода? Од каде рестораните ја носат, од каде граѓаните ја користат и носат, кој ја проверил таа вода?Доколку продолжи користењето на неисправна вода, Филипче предупреди на сериозна опасност од труење со храна и појава на нови епидемии како хепатит А, позната како болест на нечисти раце“-– Венко Филипче, претседател на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ пак прашуваат зошто Филипче не бара одговорност од градоначалникот на Гостивар Лимани и јавно го повикаа да одговори дали го поодржува неговиот став - дека не чусвуствувал морална одговорност за случајот. Побараа негова оставка и го повикаа обвинителството да постапи. „Со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? Зошто сега нема осуда и барање на одговорност од страна на СДС, ДУИ и Таравари? Дали мислат дека затоа што е нивен кандидат треба да го штитат? Или пак сметаат дека како во времето на Филипче кога за модуларната виновен беше кабелот, сега треба да биде виновна пумпата?“ - Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Од власта уверуваат дека нема да има селективност при поташпувањето во овој случај и дека ќе биде санкционира секоја институционална, службена или индивидуална одговорност. Порачуваат дека органите постапуваат и дека доказ а тоа се тројцата приведени од гостиварскиот коумуналец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостивар и натаму останува без вода за пиењеГостивар и натаму останува без вода за пиење сѐ додека не се докаже дека водата е безбедна. Засилени инспекциски надзор и контроли се спроведуваат во градинки, болници, ресторани и други објекти каде што се користи вода.Во меѓувреме, Владата испрати јасна порака - нема да има селективност и секој што ќе има утврдена одговорност за случајот ќе одговара. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на прес-конференција потенцираше дека забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека таа е безбедна за употреба. Во однос на поставените пумпи директорот на АХВ рече дека тие биле поставени без одобрение. -Со надзорот беше утврдено дека од главниот цефковод на водоводната мрежа на диво без одобрение се поставени пумпи кои директивно вбризгуваат вода во овој водноснабнителен систем. Стручни лица на Институтот за јавно здравје, земаа четири мостри од водата од резервоарот, капнажата од површинската вода и од јавна чешма во џамија. Целта на засилените инспекциски мерки е прцизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста како да се обезбедат нови релевантни лабараториски резултати врз основа на кои ќе бидат превземени сите понатамошни мерки.- изјави - Оливер Миланов - Директорот на АХВ . Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на одговорноста, рече утрово министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Тој додаде дека Општините се првата линија на одговорност за безбедноти функцонирање на водоводните системи. -Очекуваме, брза темелна и транспарентна истрага. Целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите инволвирани – изјави Хоџа. Според првичните информации што ги соопшти директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска, спорното земање вода во Гостивар е направено од отворен канал кој воопшто не е дел од официјалната дозвола за водоснабдување. -Уште еднаш ќе ви кажам и ќе потенцирам дека ова што се случи е надвор од целиот опсег којшто го има дозволата на некои 800 до 900 метри на главниот цефковод. Не станува збор дека во заштитните санитарни зони се случило нешто – изјави Гиновска. Случајот е предмет и на истрага на Јавното обвинителство, кое треба да утврди како било возможно незаконски да се постават пумпи во главниот цевковод на системот за водоснабдување. Надлежните институции очекуваат лабораториските анализи во најкус можен рок да покажат кога водата повторно ќе биде безбедна за користење. Дотогаш, забраната останува во сила, а инспекциските контроли продолжуваат на терен низ цело Гостиварско. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook