Пентагон објави уште 71 документ за НЛО - Канал 5

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи десетици досиеја со детали за воена програма во чии рамки биле нарачани студии за „ворп“ погони – системи за движење со брзина поголема од брзината на светлината – како и за црвоточини и за повреди што истражувачите ги поврзувале со можни средби со непознати летала.

Пентагон објави вкупно 71 документ; 67 од нив беа обезбедени од Министерството за одбрана, додека четири потекнуваат од локални органи за спроведување на законот во Колорадо, пренесува CBS.

Објавениот материјал вклучува 55 PDF-датотеки, 15 видео-датотеки и една аудио-датотека, а документите датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година, според агенцијата Танјуг.

Новообјавените документи за НЛО се однесуваат на тајна американска воена иницијатива позната како „Програма за примена на напредни системи за воздушно-вселенско оружје“ (Advanced Aerospace Weapon System Applications Program), која била формирана од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година и била активна до 2012 година.

Иако повеќето референтни документи на одбранбеното разузнавање разгледуваат идеи што граничат со научна фантастика, еден документ претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година, во која се анализираат „докази за ненамерни повреди кај човечки набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“.

Во тој документ, истражувачите наведуваат дека „тројца претходно здрави и активни поединци доживеале аномален (нерегуларен, невообичаен и неконзистентен со нивната област на работа) настан поврзан со воздушно-вселенски системи“, по што развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина на кожата, црвенило и опаѓање на косата.

Кај еден од поединците се појавиле „знаци на радијациона болест“ и, „во текот на неколку години, се развиле знаци на малигна трансформација“.

Во извештајот се наведува дека е „прецизно евидентиран доволен број инциденти/несреќи“ и дека се „собрани медицински податоци што ја поткрепуваат хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи“, чиј начин на функционирање останува нејасен за Соединетите Држави.

Повеќето од видеата во објавените документи наликуваат на оние од претходните соопштенија, прикажувајќи нејасни снимки од необјаснети објекти забележани од воени камери; еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува беспилотно летало што се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час.

Придружниот извештај за средбата наведува дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини; екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“.

Друго видео, снимено над Блискиот Исток, прикажува „шест мали сферични објекти“ кои делувале „агилно“ и често ја менувале насоката на движење.

Четири видеа потекнуваат од локални служби за спроведување на законот во Колорадо, кои доставиле извештаи до канцеларијата на Пентагон; една делумно заматена снимка била направена со камера од мобилен телефон во октомври 2023 година.

„Службеникот што го поднел извештајот го опишал феноменот како ‚тивок‘ и како ‚црвени, сини и зелени трепкачки светла‘“, наведува американската војска во белешките што ја придружуваат една од снимките.

Објавените документи вклучуваат едночасовна аудиоснимка и транскрипт од изјавите дадени во 1952 година од страна на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт; во нив тој ја објаснува истрагата на службата за инциденти поврзани со НЛО и истакнува дека околу 20 проценти од 800-те пријави за НЛО, истражени од Военото воздухопловство, остануваат мистерија.

На 14 септември, Пентагон објави воведување правен исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени – кои претходно биле обврзани со договори за доверливост – да споделуваат информации поврзани со истражувањето на НЛО со владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата.

Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ.

Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам.

Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат.

Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна.

Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција?

А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“.

Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва цел на масовен напад со 862 украински дрона

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.

Москва цел на масовен напад со 862 украински дрона

Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година.

Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. 

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио.

Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа.

Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер