За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар - Канал 5

За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар

За половина година – реализирани речиси половина од планираните капитални инвестиции. 

За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар

Заклучно со 30 ти јули, според податоците објавени на министерството за финансии расходите на буџетските корисници наменети за патишта, училишта, студентски домови, болници, здравствени апарати, спортски објекти, опрема, софтвери, се реалзизирани со 47,74 % од вкупно предвидени околу 659 милиони евра .

Со висок процент на реализација на листата на министерството за финансии, која брои вкупно 85 буџетски корисници, е министерството за транспорт. Од предвидени нешто над 168 милиони евра, за 6 месеци реализирани биле над 165 милиони или 83,73%, а за трошење имаат само уште 30-тина милиони евра.

Владата и СОЗР искористиле по 67% односно 59,95% од вкупните средства кој им биле на располагање, со што на Владата и остануваат уште околу 6 милиони еввра додека во Службата за општи и заеднички работи преостануваат уште 2 милиони.

Со по околу 38 % искористеност на средствата се министерствата за образование и здравство. Со многу низок процент на реализација на капиталните расходи се издвојуваат министерството за финансии со само 3,86 %, потоа економија, правда како и министерството за одбрана, кое има еден од повисоките буџети за оваа намена, како дел од обврските од членството во НАТО. Сепак, ресорното министерство од вкупнопредвидени околу 150 милиони евра има искористено само 43 или речиси 30%.

За разика од овие, десетина буџетски корисници, немаат потрошено речиси ниту едно евро од предводените пари за капитални инвестиции, такви се фискалниот совет, оперативно техничката агенција, агенција за иновации, биро за судски вештачења.

Инаку со ребалансот на Буџетот, кој беше донесен минатиот месец, капиталните расходи се зголемија за 14,5 %, согласно фискалните правила, тие иснитуции што нема да ги исористат парите, истите ќе им бидат одземени и прераспрелени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер