Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДСПрви другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа.СДС и Венко Филипче сакаат да се дистанцираат од Александар Вучиќ по поразот на парламентарните избори. Залудни им се обидите да се исперат пред јавноста, затоа што секој во државата знае дека Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски се негови први другари. Додека беа на власт му правеа пречеци со црвен тепих, јавно го фалеа, му се заблагодаруваа и велеа дека со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ градат одлични односи на соработка. Така, во екот на ковид-кризата, Венко Филипче како тогашен министер за здравство, заедно со неговиот ментор Заев, свечено ја пречекуваше донацијата на вакцини од Србија, предводена од Вучиќ, со јавни пофалби и благодарности. И, нормално, недостигот на вакцини во Македонија се случи затоа што од нивната набавка сакаа да ќарат провизија во нивните џебови. Зоран Заев, пак, по објавувањето на разговорите со руските пранкери, во кои зборуваше за Вучиќ, јавно, понизно и со свиткана кичма му се извинуваше на српскиот претседател. Подоцна на гранични премини следуваа големи пречеци, средби и величања на ликот и делото на Александар Вучиќ. Негувањето на блиски, другарски, односи со поранешниот српски претседател го продолжи и следниот премиер и претседател на СДС, Димитар Ковачевски, кој заедно со Вучиќ до раните утрински часови пиеја, пееја и се веселеа. Значи, српскиот свет за кој СДС на чело со Филипче го зборува, го промовираа Венко, Заев и Ковачевски, исто како што ги промовираа и бугарскиот и рускиот свет. Но, никако не станаа промотори на македонскиот, како што не ги штитеа ниту македонските национални интереси, достоинство, култура, јазик, историја. Му слугуваа на кој стигнат, само за свои лични интереси, на штета на интересите на граѓаните и државата, затоа и сега се таму каде што се, во длабока опозиција, со низок рејтинг на граница на статистичка грешка, без доверба од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook