Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
МакедонијаСДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до ЦрвенковскиПовеќе е смешно да се гледа ова што го прави оваа група платени и уценети поединци. Робови на Мицкоски. Шема со своите шеми. Ќурчиев со своите 1,6 милиони од тендер. Цаци со својот Леонардо. Андреј со Орце Камчев. Алта банка, тендери, осигурување… трговци со оружје. Антимон и дата-центри. ЗНАМ, Максим Димитриевски, руската партија Левица… тоа се луѓето што бараат смени во СДСМ. На крај сега од ормарот го вадат Бранко Црвенковски. Човек што со години работи бизнис со ВМРО, човек што помагаше во правењето на ЗНАМ прва верзија. Мицкоски финансираше. На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека „вади коски од минатото“? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ. Како што гледате, не успеаа. Не ја згаснаа и нема да ја угасат. СДСМ ќе биде и ќе остане и по сите такви ликови. Реформи што се состојат од барање фотеља за послушници и нов логотип. Сè тоа на два листа хартија со седумнаесет потписи. Сè тоа пишувано од декември до денес. Повторно Шилегов и останатите ВМРО аналитичари. ВМРО-Орбан-Вучиќевите портали, началникот Латас. Квази-новинари, домаќини на БИА агенти и организатори на 27 април. До кога со сите нив? Кога повторно се јавува Платформата? Кога откривме дека Вучиќ префрла пари во Македонија преку Алта банка. Дали мислат дека народот ова не го гледа? Ајде еднаш, ајде двапати, ама ова се гледа од авион. Кога се јавува Платформата? Кога откриваме пет нови рудници. Кога откриваме лоби куќи на Вучиќ и Мицкоски и тоа кој ја плаќа ходник дипломатијата. Кога откриваме кој стои зад копањето на антимонот, чии се интересите на дата-центрите. Кога откриваме тендер во железница за Ќуркчиев. Кога откриваме дека Дејвид Гета не е нула, туку 5,53 милиони евра. Кога Фон дер Лајен вели дека е заштитен македонскиот идентитет и јазик. Кога откриваме малверзации на Алта банка со компании и јавни претпријатија. Доста беше! На сите им е јасно. Мицкоски, не можеш да го сокриеш она што доаѓа. Не можеш да побегнеш од својот криминал со твојот ментор Вучиќ. А овие твоиве можат само да работат и да бараат алиби за формирање нова партија, како и ти за избори. На сите им е јасно. Знаеме дека правите ЗНАМ 2.0. Правите затоа што по Црвенковски единственото што не го пробаа е тебе, Мицкоски, да предложат ти да го водиш СДСМ како што ги водиш твоите сателити и управуваш со нив преку далечински управувач направен во Кремљ. Српски и руски служби, Вучиќ и пари од картелот не помагаат. Јасно е. ВМРО паѓа, Мицкоски нема да постои. Отворени истраги во Унгарија и Србија. Почна и веќе се гледа крајот. Сите ќе мораат да излезат пред правдата. Не може да се побегне од вистината. Правдата мора да се задоволи. Крај е за вашата група. Нека ни се јават чесните луѓе што сте ги измамиле и излажале со вашиот лажен, невидлив опозициски фронт. Сите оние што немаат лични интереси и не се поврзани со интересни групи како овие ликови, нека дојдат и заедно со нас и народот нека влезат во борба против криминалната организација ВМРО. Нашите врати се отворени за сите што се за Македонија, а не за сопствениот џеб. Дојдете и бидете дел од Фронтот за вистина и правда! Дојдете да се бориме сите заедно против овие двојки: Орбан-Груевски, Вучиќ-Адамовиќ, Лазаревиќ-Божиновска, како и Мицкоски-Латас. Станете, платформаџии, станете сите заедно, за да ве види целиот СДСМ. Засега го виделе само вашиот резултат од 2024 година. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter