ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
2СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ФудбалЗа 13 минути сменети трите голмани на иста репрезентација на еден натпреварЧудесни ситуации се случуваат на фудбалските натпревари, но вистинско чудо е тоа што се случи на дуелот меѓу Уганда и Нирегија на АФКОН.Репрезентацијата на Уганда се најде во непријатна ситуација и тројцата голмани на оваа селекција беа актери на дуелот со Нигерија. Во 46.минута поради повреда мораше да биде заменет првиот голман Денис Оњанго. Неговата замена Магула 11 минути потоа доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот и селекторот на Уганда мораше во игра да го уфрли третиот голман Нафијан Алионзија. Ваквиот расплет на околности го искористи Нигерија со два брзи гола и се стекна со предност, која и донесе победа од 3:1, додека за Уганда поразот значеше елиминација и остана без пласман во нок-аут фазата. /МИАТагови: голмани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВремето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)Скриено во северна Италија, недалеку од швајцарската граница и езерото Маџоре, селото Куриља кон Монтевијаско се чини дека било „заробено“ во друго време.Сместено во долината Ведаска, во областа Варезе, ова необично планинско гратче нема пат низ кој поминуваат автомобили. До него се стигнува пеш - преку 1.400 камени скали. Ситуацијата се промени во 1989 година. За локалното население, стрмната патека беше главната врска со остатокот од светот со векови. Сепак, ситуацијата значително се промени во 1989 година, кога беше изградена жичарница што го поврзуваше селото со долината. Сепак, по сериозна несреќа, жичарницата престана да работи во 2018 година, објавува Дневни аваз. Монтевијаско потоа беше практично „отсечен од светот“ речиси седум години, а до селото главно се стигнуваше пеш. Зачуван е автентичниот изглед Жичарницата повторно се отвори во 2025 година, што повторно им овозможи на жителите и посетителите многу полесен пристап до селото. Денес, во Монтевиаско живеат само околу десетина луѓе, додека историскиот комплекс го зачувал својот автентичен изглед. Камени куќи, дрвени балкони, тесни улички и традиционални камени покриви му даваат на селото изглед што е тешко да се најде во модерна Европа. На крајот од големото скалиште се наоѓа светилиштето на Мадона дела Серта. Сите посетители имаат избор Иако искачувањето од 1.400 скали е физички напорно, токму поради оваа причина Монтевиаско привлекува ентузијасти за планинарење и туристи кои сакаат да видат едно од најнеобичните села во Италија. Денес, посетителите имаат избор - можат да се качат на старата камена патека и да се искачат речиси 1.400 скали или да ја користат жичарницата што стигнува до селото од Понте ди Пјеро за неколку минути. Монтевиаско сè уште го зачувува она што го прави посебен - неговата изолација, камената архитектура и чувството дека влегувањето во селото ве враќа неколку векови назад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната користВеќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против.И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките. Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата. Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика. Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање. Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата. Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против. Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починатиВо Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија. Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата. Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски. Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести. Не функцираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ. Не фукционираат здравствените институции. Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици. Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook