Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
МакедонијаМицкоски од Брвеница: Во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1На Македонија ѝ требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1.Почитувани граѓани на Брвеница, драги пријатели, браќа и сестри, почитувани домаќини, Денес сум овде со една едноставна, но силна порака. Една Брвеница за сите. Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед на неговата национална, верска или политичка припадност, ќе чувствува дека ова е неговиот дом, неговата општина и неговата држава. Затоа што силата на една општина не се мери само со бројот на изградени улици, водоводи и училишта. Таа се мери и со довербата меѓу луѓето. Со чувството дека никој не е заборавен, дека никој не е оставен сам и дека институциите постојат за да му служат на граѓанинот, а не граѓанинот да им служи на институциите. И токму затоа денес сакам да зборувам за една Брвеница која не се дели. За Брвеница која ги обединува своите луѓе. За Брвеница во која различностите не се причина за поделби, туку богатство што треба да го чуваме. Драги пријатели, браќа и сестри, Во политиката постојат два вида луѓе. Едните доаѓаат пред граѓаните кога им треба нивниот глас, а другите остануваат со граѓаните и тогаш кога ќе завршат изборите, кога ќе се изгаснат камерите и кога ќе започне вистинската работа. Јас верувам во вторите. Верувам во луѓето што не бараат изговори, туку решенија. Во оние што не ја гледаат функцијата како привилегија, туку како обврска. Во оние што знаат дека зад секоја одлука стои нечиј живот, нечија мака, нечија надеж. И затоа е Брвеница важна. Важна е не само за луѓето кои живеат овде, туку и за цела Македонија. Затоа што овде се покажува карактерот и ставот на народот, неговата решителност и неговата јасна определба за тоа каква иднина сака, каква држава посакува и за каква Македонија сме подготвени да се бориме. А изборот е јасен и појасен не може да биде. Од една страна се оние кои сакаат да нè вратат назад, во времето на поделбите, политичките пазарења и личните интереси, а од другата страна се луѓето кои веруваат дека Македонија мора да оди напред, дека државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и дека иднината не смее да биде заложник на ничии политички калкулации. И затоа сакам да ви кажам нешто многу важно. Кога некој постојано продава етнички магли, кога отвора национални прашања секогаш кога нема што да понуди, кога поважно му е нечие име или презиме отколку неговиот карактер, кога етничката припадност ја става пред трудот, чесноста, енергијата и љубовта кон Македонија, тогаш имате сериозна причина да се запрашате какви се неговите вистински намери. Затоа што патриотизмот не се докажува со националистички пароли, туку со дела. Со чесна работа, со одговорност и со човечко почитување. А оние што најгласно зборуваат за национални интереси, многу често најмногу мислат на сопствените лични интереси. Колку повеќе зборуваат за народот, толку повеќе треба да ги гледаме нивните дела. И колку повеќе се кријат зад национализмот, толку повнимателно треба да се прашаме дали зад него стои вистинската грижа за граѓаните или само желба за власт и привилегии. Овде, во Брвеница, политички се соочуваме со коалицијата којашто ја предводи ДУИ. А нив добро ги познавате. Ги знаете како буквар. Тоа се истите оние политичари кои со години ја имаа власта повеќе од две децении, и наместо да се занимаваат со проблемите на граѓаните, јавноста ги гледаше како играат фудбалчиња и кошаркарски партии во кабинетите. Оние чие владеење го одбележаа бројни прашања за тендери, привилегии и блискоста со одредени бизнис-кругови. Оние кои постојано зборуваа за правата на Албанците, а денес треба да одговараат што конкретно направиле за подобар живот на обичниот Албанец, на обичниот Македонец или на било кое друго семејство коешто живее во оваа држава. Затоа што сиромаштијата нема националност. Корупцијата не прашува на кој јазик зборувате. А кога политичарите работат за себе наместо за народот, штетата тогаш ја плаќаат сите. И токму затоа е време да се стави крај на политиката која ги дели луѓето за да може полесно да владее со нив. Драги пријатели, браќа и сестри, за да успееме во тоа, мораме да бидеме обединети. Не обединети против некого, туку обединети за нешто поголемо од сите нас. Обединети за подобар живот, за посилна Брвеница, за Македонија во која ќе има место и можности за секој човек. Брвеница има вредни луѓе, земјоделци кои секое утро стануваат пред сонцето, стопанственици кои создаваат работни места, наставници кои ја градат иднината на нашите деца, лекари, работници, пензионери, млади луѓе со идеи и амбиции, семејства кои со чесна работа и многу откажувања создавале домови и иднина. Тие луѓе не бараат невозможни работи. Бараат пристојни услови за живот. Бараат патишта по кои безбедно ќе се движат, чиста вода во своите домови, уредени училишта, функционални јавни услуги и институции кои ќе им служат. И тоа не е луксуз. Тоа е право на секој граѓанин. Драги пријатели, Сакам посебно да им се обратам на младите луѓе од Брвеница. Знам дека многумина од вас размислуваат за заминување. Знам дека има и такви коишто гледаат кон Германија, Швајцарија, Австрија и некои други западноевропски земји, барајќи подобра плата, повеќе можности и поголема сигурност. И никого нема да осудувам поради тоа. Секој човек има право да бара подобар живот. Но како претседател на Владата имам обврска да работам за Македонија, да се борам за Македонија да стане земја во која заминувањето нема да биде нужност, туку избор. Земја во која млад човек ќе може да успее со сопствениот труд. Земја во која вреди да се формира семејство, да се инвестира, создава и да се остане. Затоа е важно да се обединиме. И затоа денес ве повикувам сите заедно, жителите на Брвеница да го поддржиме Стојанче Радичевски нашиот Цоки. Тој е кандидатот на сите граѓани. Тој е изборот кој може да донесе подобар живот, живот за сите. За членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, на нашата коалиција, на СДСМ, на ВРЕДИ, на ДУИ, за политички определените и неопределените, за секој човек кој ја сака Брвеница и кој сака Брвеница да оди напред. Изборот овде е јасен: иднина или назадување. Да покажеме дека можеме да бидеме различни, а сепак обединети. Дека можеме да имаме различни ставови, а сепак да ја сакаме нашата заедничка татковина Македонија. Дека можеме да се натпреваруваме во политиката, а да бидеме заедно кога се работи за иднината на нашите деца. Сакам овде да испратам и една многу важна порака којашто мислам дека е добро да се каже денеска на овој последен и завршен митинг. Кажав веќе во мојот говор, во моето излагање дека Стојанче Радичевски нашиот Цоки е човекот којшто очекувам жителите на оваа преубава општина Брвеница да го поддржат и тоа без разлика на етничката, политичка, и верска припадност. Имав многу пати можност да поминам време овде во оваа општина во различни населени места, последниот пат за мене беше исклучително впечатлив кога поминавме неколку населени места коишто во суштина се мултиетнички и повеќе конфенсионални. Во едно населено место во Теново едно прекрасно, убаво место една до друг беа и џамијата и црквата. Еден човек од луѓето коишто беа присутни тука ми повлече за раката и ми рече: Дојди да ти кажам нешто. Се повлеков неколку чекори заедно со него, ми вели ја гледаш џамијата, да велам ја гледам, ја гледаш црквата? Да, велам ја гледам, е ние овде се поздравуваме, се молиме на ист Бог во различни верски храмови. Муслиманите влегуваат во џамијата, а христијаните православни влегуваат во црквата. И така е со години, така е со децении и така е со векови. И така ќе биде со децении, со векови, но има политичари коишто изминативе денови па и денес се обидуваат да ве делат. Се обидуваат да ве делат и по етничка и по верска и по било каква линија. Тоа се луѓе коишто во својот скромен политички опус нема да останат по ништо запознати освен по поделбите. По ништо нема да ги запомниме, само по поделбите. Треба да знаете дека ќе помине 1 Ноември, ќе дојде 2 Ноември, тие ќе заминат и прашање е дали некогаш повторно ќе се вратат овде. А, вие и во Теново и во Радиовце и во Брвеница и во Седларце и во Милетино и во Челопек и во сите други населени места ќе продолжите да живеете еден покрај друг. Ќе си бидете поддршка еден на друг. И кога вашите најмили поради тоа што некој одлучил да ве дели ќе одлучат да заминат некаде, вашите деца, вашите внуци, без разлика каде дали тоа ќе биде миграција внатрешна или ќе заминат надвор тогаш подеднакво ќе боли солзата на мајката Албанка и на мајката Македонка, подеднакво ќе боли солзата на старата мајка Албанка и на старата мајка Македонка. Сетете се ова што ви го зборувам, тие нема да бидат тука со вас, повторно ќе бидеме ние, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Зошто ова го зборувам? Затоа што тие беа причината илјадници млади луѓе да заминат, и сега без трошка каење, без трошка срам, ги молат да се вратат и повторно да ги делат, без притоа да понудат ниту малку иднина и проекти. Тие не зборуваат за проекти, тие не го знаат тој речник, имаше градоначалници и градоначалници. Имаше влада во којашто беа повеќе од 2 децении, колку проекти направија за Брвеница? Нула, нула проекти. Сакате проекти? Нула. Сакате по тоа да се мериме? Денеска се прават спортски сали, училишта се реновираат, спортски игралишта, патни делници се асфалтираат. Тоа е разликата меѓу оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и владата во којашто повеќе од две децении беше Демократската унија за интеграција. Освен поделби, ништо. Сакате за правда да збориме? Ајде да збориме за правда. Сетете се на модуларната болница, сетете се како луѓе живи гореа и сетете се на одлуката на врховниот суд, видете ги судиите коишто ја донесоа таа одлука на 22 октомври, овој месец, кога ги ослободија тие луѓе. Истите тие луѓе. Зашто? Затоа што се блиски до раководството на ДУИ. Сакаме ли таква правда? Тоа ли е иднината на Македонија? Тоа ли е нашата заедничка иднина и на Македонците, и на Албанците и на останатите заедници коишто живееме едни покрај други со векови. Затоа ве повикувам масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 1. Да заокружиме за Стојанчо. Да ги поразиме овие политичари на минатиот век. Овие луѓе не се политичари на иднината. Затоа што на Македонија не и се потребни нови поделби, и се потребни успеси. Не и се потребни изговори, потребни се резултати. Не и се потребни политичари кои ќе кажуваат зошто нешто не може да се направи, туку луѓе кои ќе најдат начин тоа да се направи. И таа наша обврска, таа наша борба е борба од која не смееме да се откажеме. Една Брвеница за сите, една иднина што ќе ја градиме заедно. Една Македонија што ќе оди напред. Одиме на убедлива победа. Нека ни е жива Брвеница. Бог да ни ја благослови Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрипадник на обезбедувањето на Најџел Фараж е осуден за силување- партијата веднаш го отпиша Припадник на обезбедувањето на лидерот на партијата „Реформ УК“, Најџел Фараж, е обвинет за силување и осуден на осум години затвор.Рајан Динаж бил задолжен за заштита на Најџел Фараж за време на кампањата на неговата партија во април и мај, но бил осуден во јуни за силување жена додека спиела во приколка на коњичкиот настан „Ројал Виндзор“, објавува „Гардијан“, додавајќи дека обвиненијата против Динаж биле поднесени во 2025 година, три години откако тој го извршил силувањето во 2022 година. Партијата „Реформ УК“ потврди дека Динаж му обезбедил безбедносни услуги на Фараж, наведувајќи дека го ангажирале преку надворешен соработник, кој ги уверил дека лицето ги поминало потребните проверки. 32-year-old Ryan Dinnage, who was part of Nigel Farage’s security team, has been jailed for eight and a half years for raping a woman while she slept in a caravan. He was charged in 2025, was still protecting Nigel Farage in April and May 2026, and was convicted in June. https://t.co/0lA6G6LWiM — Mukhtar (@I_amMukhtar) October 30, 2026 „Кога дознавме за обвинувањата против Динаж, бевме шокирани и згрозени и партијата веднаш го прекина својот однос со него“, рече портпаролот на „Реформ УК“, но не одговори на прашањата дали продолжува да соработува со надворешниот консултант преку кого бил регрутиран Динаж или дали се преземени какви било мерки против него. „Најџел Фараж мора итно да објасни во кој момент партијата станала свесна дека му дозволила на човек обвинет за силување директно да се поврзе со јавноста во нејзино име. Тие исто така мора итно да разјаснат какви чекори презеле за да спречат ова да се случи повторно“, рече портпаролот на Лабуристичката партија, додавајќи дека Фараж и неговата партија паѓаат од скандал во скандал, а јавноста сè повеќе ги гледа нивните вистински лица.Тагови: Најџел Фараж силување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаСо отровни печурки го уби семејството на поранешниот сопруг- сега ѝ е зголемена казната Ерин Патерсон ќе го помине остатокот од својот живот во затвор откако Апелациониот суд во австралиската држава Викторија ја отфрли нејзината жалба и ѝ ја зголеми казната на доживотен затвор без можност за условна слобода.Таа беше осудена за убиство на тројца членови на семејството со отровни печурки послужени за ручек. Врховниот суд на Викторија ја објави одлуката за две жалби во случајот што привлече големо внимание од јавноста, пишува „Гардијан“. Жалбениот панел ја донесе одлуката откако ги слушна аргументите од одбраната и обвинителството во август. Патерсон (52) не беше присутна во судницата и не покажа никакви емоции за време на 15-минутното рочиште преку видео врска. Судијата Стивен Меклиш објасни дека судот ја отфрлил нејзината жалба, а во исто време ја прифатил жалбата на обвинителството и ѝ доделил построга казна. Минатата година, таа беше осудена на доживотен затвор со минимална казна од 33 години за убиствата на Дон и Гејл Патерсон, родителите на нејзиниот поранешен сопруг и неговата тетка Хедер Вилкинсон. Таа беше осудена и за обид за убиство на Иан, неговата сопруга Хедер Вилкинсон, кој преживеал јадење говедско месо од Велингтон со отровни зелени печурки, но бил во болница со недели. Australian mushroom murderer Erin Patterson loses appeal bid https://t.co/9ePrnjKae1 — Reuters (@Reuters) October 30, 2026 Судијката ги отфрли сите седум жалби на нејзините адвокати, додека жалбата на државното обвинителство беше потврдена бидејќи судот утврди дека првичната казна не е пропорционална на тежината на кривичното дело. „Злосторството беше внимателно испланирано и намерно и вклучуваше сложена низа измами. Тие вклучуваа нејзини тврдења дека имала рак, нејзиното негирање дека берела печурки и нејзините лаги за нивното потекло. Ова злосторство беше многу ладнокрвно и пресметано и заслужува најстрога можна казна“, рече судијката.Тагови: отровни печурки сопруг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
СветДоналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)Доналд и Меланија Трамп беа домаќини на деца за традиционалното давање слатки за Ноќта на вештерките во Белата куќа, а меѓу гостите имаше две деца во контроверзни костими. Претседателската двојка топло пречека едно момче облечено во руска воена униформа и едно девојче во руска народна носија. Воени обележја и традиционална носија Момчето носеше камуфлажна јакна со обележја на тенковска единица и капа со советска воена значка, на која имаше срп и чекан. Девојчето што го придружуваше беше облечено во сарафан, руска народна носија со цветен дезен, и носеше традиционална лента за глава. Меланија Трамп се насмевна додека ја местеше шапката на момчето, а потоа двете деца добија бомбони од претседателската двојка. Сцена среде војната Настанот, на кој присуствуваа претежно семејства на војници и државни службеници, се одржа додека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови. Поради ова, сцената привлече критики како нечувствителна кон жртвите на советскиот режим и тековната војна во Украина. Посебно внимание привлече реакцијата на Меланија Трамп, која насмеаному ја намести капата со советски симбол на момчето. There were two types of uniforms at the White House Halloween celebration this Thursday: American and russian Soviet uniforms featuring the hammer and sickle. I don’t know if Americans realize this, but Soviet symbols are banned in many European countries that were formerly under Soviet rule. The Soviet regime was responsible for immense suffering, mass deaths, famine, deportations, torture, and concentration camps. Its crimes were comparable in scale and brutality to those committed by the Nazis. For many people who lived under this regime, or whose families suffered because of it, seeing the hammer and sickle is as horrifying as seeing a swastika or a Third Reich uniform. — Kateryna Lisunova (@KaterynaLis) October 30, 2026 Официјалниот пренос од Белата куќа го сними моментот без понатамошни коментари.Тагови: Доналд Трамп Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook