Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
МакедонијаРадичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадностОпштината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност, затоа во недела да излеземе сплотени и да заокружиме број 1.„Овој поглед ме прави горд и ми дава дополнителна сила да продолжиме да ја негуваме и да ја сочуваме силата на единството. Кога ве гледам пред мене сите сплотени и обединети е порака дека Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот. Таа е и обврска резултатите да продолжат, а и доверба што треба да ја оправдаме со конкретни дела“, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски на денешниот завршен митинг пред вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат во недела на први ноември. „Вечерва ви се обраќам како ваш пријател, познаник и сосед, како човек кој ја сака Брвеница и сака нашата општина да биде успешна. Во изминатиот период со многумина од вас ја споделив својата визија за иднината на општината, секој разговор, секоја средба, секоја искажана потреба се одговорност, а таа одговорност бара посветеност, присуства на терен и конкретна работа. Во наредните години, пред нас се важни предизвици, тоа се проблеми со водоснабдувањето, локални патишта, зимско одржување, условите во училиштата и можностите за младите. Сите овие прашања бараат сериозен пристап, планирање и решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните“, истакна Радичевски. Тој упати порака дека Брвеница не припаѓа ниту на една партија, ниту на една етничка заедница, туку припаѓа на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничката, верската или политичката припадност. „Сакам да бидам јасен, оваа општина не припаѓа на една партија, ниту на една етничка заедница. Брвеница е на сите што живеат овде во Брвеница, Седларце, Стенче, Волковија, Блаце, Милетино, Радиовце, Челопек и Гургурница, на сите без исклучок. Никој не треба да биде исклучен, потценет или заборавен, ќе продолжиме да живееме едни покрај други, да ги споделуваме истите предизвици и да работиме за подобра иднина. Нашето заедништво е вредност што треба да го чуваме. Брвеница има потреба од дијалог, меѓусебна почит и заедничка одговорност. Македонци, Албанци, Турци и припадници на сите други заедници треба да имаат еднакви можности, достоинствени услови за живот и перспектива на своите семејства. Нашата визија треба да биде насочена кон иднината, кон развојот, кон конкретни резултати. Развојот на општината не смее да познава поделби. Секое населено место заслужува внимание, секој граѓанин заслужува почит, а секоја добра идеја заслужува поддршка“, потенцираше Радичевски. Радичевски истакна дека можностите за младите, квалитетно образование, подобра инфраструктура и создавањето на услови за економски развој се приоритетите што бараат долгорочна посветеност, затоа што младите треба да имаат можност да ја градат својата иднина покрај своите родители и покрај своето семејство и на своето огниште, да имаат можност да работат, да создаваат, да ги градат своите домови во општината во која пораснале. Една Брвенца за сите, додаде Радичевски, е визија на долгорочен и рамномерен развој, тоа е идејата што ги опфаќа сите населени места, сите генерации и сите граѓани, зошто Брвеница има потреба од заедничка одговорност, соработка и конкретни проекти што ќе донесат подобар живот и нашата иднина ќе ја градиме со јасни приоритети, со посветеност и со почит кон секој човек. „За нашата општина, за нашите деца и за нашите идни генерации, во недела ве повикувам да ја продолжиме идејата за една Брвеница за сите, да гласаме за бројот 1, да ја заокружиме заедничката победа, да ја сочуваме силата на единството. Една Брвеница за сите“, повика на крај кандидатот за градоначалник, Стојанчо Радичевски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрипадник на обезбедувањето на Најџел Фараж е осуден за силување- партијата веднаш го отпиша Припадник на обезбедувањето на лидерот на партијата „Реформ УК“, Најџел Фараж, е обвинет за силување и осуден на осум години затвор.Рајан Динаж бил задолжен за заштита на Најџел Фараж за време на кампањата на неговата партија во април и мај, но бил осуден во јуни за силување жена додека спиела во приколка на коњичкиот настан „Ројал Виндзор“, објавува „Гардијан“, додавајќи дека обвиненијата против Динаж биле поднесени во 2025 година, три години откако тој го извршил силувањето во 2022 година. Партијата „Реформ УК“ потврди дека Динаж му обезбедил безбедносни услуги на Фараж, наведувајќи дека го ангажирале преку надворешен соработник, кој ги уверил дека лицето ги поминало потребните проверки. 32-year-old Ryan Dinnage, who was part of Nigel Farage’s security team, has been jailed for eight and a half years for raping a woman while she slept in a caravan. He was charged in 2025, was still protecting Nigel Farage in April and May 2026, and was convicted in June. https://t.co/0lA6G6LWiM — Mukhtar (@I_amMukhtar) October 30, 2026 „Кога дознавме за обвинувањата против Динаж, бевме шокирани и згрозени и партијата веднаш го прекина својот однос со него“, рече портпаролот на „Реформ УК“, но не одговори на прашањата дали продолжува да соработува со надворешниот консултант преку кого бил регрутиран Динаж или дали се преземени какви било мерки против него. „Најџел Фараж мора итно да објасни во кој момент партијата станала свесна дека му дозволила на човек обвинет за силување директно да се поврзе со јавноста во нејзино име. Тие исто така мора итно да разјаснат какви чекори презеле за да спречат ова да се случи повторно“, рече портпаролот на Лабуристичката партија, додавајќи дека Фараж и неговата партија паѓаат од скандал во скандал, а јавноста сè повеќе ги гледа нивните вистински лица.Тагови: Најџел Фараж силување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаСо отровни печурки го уби семејството на поранешниот сопруг- сега ѝ е зголемена казната Ерин Патерсон ќе го помине остатокот од својот живот во затвор откако Апелациониот суд во австралиската држава Викторија ја отфрли нејзината жалба и ѝ ја зголеми казната на доживотен затвор без можност за условна слобода.Таа беше осудена за убиство на тројца членови на семејството со отровни печурки послужени за ручек. Врховниот суд на Викторија ја објави одлуката за две жалби во случајот што привлече големо внимание од јавноста, пишува „Гардијан“. Жалбениот панел ја донесе одлуката откако ги слушна аргументите од одбраната и обвинителството во август. Патерсон (52) не беше присутна во судницата и не покажа никакви емоции за време на 15-минутното рочиште преку видео врска. Судијата Стивен Меклиш објасни дека судот ја отфрлил нејзината жалба, а во исто време ја прифатил жалбата на обвинителството и ѝ доделил построга казна. Минатата година, таа беше осудена на доживотен затвор со минимална казна од 33 години за убиствата на Дон и Гејл Патерсон, родителите на нејзиниот поранешен сопруг и неговата тетка Хедер Вилкинсон. Таа беше осудена и за обид за убиство на Иан, неговата сопруга Хедер Вилкинсон, кој преживеал јадење говедско месо од Велингтон со отровни зелени печурки, но бил во болница со недели. Australian mushroom murderer Erin Patterson loses appeal bid https://t.co/9ePrnjKae1 — Reuters (@Reuters) October 30, 2026 Судијката ги отфрли сите седум жалби на нејзините адвокати, додека жалбата на државното обвинителство беше потврдена бидејќи судот утврди дека првичната казна не е пропорционална на тежината на кривичното дело. „Злосторството беше внимателно испланирано и намерно и вклучуваше сложена низа измами. Тие вклучуваа нејзини тврдења дека имала рак, нејзиното негирање дека берела печурки и нејзините лаги за нивното потекло. Ова злосторство беше многу ладнокрвно и пресметано и заслужува најстрога можна казна“, рече судијката.Тагови: отровни печурки сопруг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДоналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)Доналд и Меланија Трамп беа домаќини на деца за традиционалното давање слатки за Ноќта на вештерките во Белата куќа, а меѓу гостите имаше две деца во контроверзни костими. Претседателската двојка топло пречека едно момче облечено во руска воена униформа и едно девојче во руска народна носија. Воени обележја и традиционална носија Момчето носеше камуфлажна јакна со обележја на тенковска единица и капа со советска воена значка, на која имаше срп и чекан. Девојчето што го придружуваше беше облечено во сарафан, руска народна носија со цветен дезен, и носеше традиционална лента за глава. Меланија Трамп се насмевна додека ја местеше шапката на момчето, а потоа двете деца добија бомбони од претседателската двојка. Сцена среде војната Настанот, на кој присуствуваа претежно семејства на војници и државни службеници, се одржа додека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови. Поради ова, сцената привлече критики како нечувствителна кон жртвите на советскиот режим и тековната војна во Украина. Посебно внимание привлече реакцијата на Меланија Трамп, која насмеаному ја намести капата со советски симбол на момчето. There were two types of uniforms at the White House Halloween celebration this Thursday: American and russian Soviet uniforms featuring the hammer and sickle. I don’t know if Americans realize this, but Soviet symbols are banned in many European countries that were formerly under Soviet rule. The Soviet regime was responsible for immense suffering, mass deaths, famine, deportations, torture, and concentration camps. Its crimes were comparable in scale and brutality to those committed by the Nazis. For many people who lived under this regime, or whose families suffered because of it, seeing the hammer and sickle is as horrifying as seeing a swastika or a Third Reich uniform. — Kateryna Lisunova (@KaterynaLis) October 30, 2026 Официјалниот пренос од Белата куќа го сними моментот без понатамошни коментари.Тагови: Доналд Трамп Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter