Вулкан на Алјаска се заканува дека ќе еруптира- хеликоптерите забележале алармантни вредности - Канал 5

Вулкан на Алјаска се заканува дека ќе еруптира- хеликоптерите забележале алармантни вредности

Масивен вулкан на Алјаска покажува знаци на претстојна ерупција.

Вулкан на Алјаска се заканува дека ќе еруптира- хеликоптерите забележале алармантни вредности

Неодамна се забележани значително покачени нивоа на емисии на вулкански гасови околу планината Спар. Планината се наоѓа на околу 100 километри од градот Енкориџ, каде живеат речиси 300.000 луѓе.

Опсерваторијата на вулканите на Алјаска (AVO) соопшти дека измерените емисии потврдуваат дека нова магма тече под вулканот, што укажува на можност за ерупција, пишува Дејли Меил.

Во областа е забележана и зголемена сеизмичка активност и деформација на тлото. Овие знаци укажуваат „дека ерупцијата во следните неколку недели или месеци е многу веројатна, но не и сигурна“, објаснуваат научниците.

Доколку вулканот треба да еруптира, научниците предвидуваат дека облакот од пепел ќе патува стотици километри подалеку, опсипувајќи ги блиските популации со токсични емисии.

„Иако очекуваме дополнителни промени во податоците за следење пред ерупција, исто така е можно ерупција да се случи со мало или без дополнително предупредување“, предупредија научниците.

Инаку, неколку помали земјотреси се регистрирани во областа Спур планина во последните месеци.

Најновите знаци се зголемување на емисиите на гасови, што ги одразува промените во својствата на магмата и активноста под вулканот. Опсерваторијата направи два лета над вулканот и измери високи нивоа на сулфур диоксид, јаглерод диоксид и други гасови. Нивоата на сулфур диоксид беа девет пати повисоки од оние откриени во декември, што го натера AVO да издаде предупредување.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер