Реакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!
1Реакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
Други спортовиМакедонецот Александар Волкановски ја одбрани титулата и влезе во историјата на УФЦ (ВИДЕО)Уште една историска UFC вечер е зад нас, бидејќи Александар Волкановски ја одбрани својата титула во перо категорија на UFC 325 во Сиднеј, победувајќи го Диего Лопез со едногласна одлука по пет рунди.Александар Велики, како што е познат Волкановски, повторно доминираше и покажа дека му нема рамен. Резултатите на судиите покажуваат колку бил подобар од својот предизвикувач, со резултати од 49:46, 49,46 и 50:45, при што Лопез победуваше во секоја рунда. Ова беше осма одбрана на титулата на Волкановски во неговата кариера, а тој го победи Лопез по втор пат во кариерата. Волкановски го фрустрираше противникот со својата мобилност и прецизни удари во текот на целата борба и ја контролираше борбата во речиси секој момент. Сепак, Лопез имаше и свои светли моменти, а во еден момент од третата рунда, по иницијативата на Волкановски, се обиде со „задно гушење“, но Волкановски успеа да се извлече од незгодната ситуација. Diego Lopes returns with some power of his own 😮💨 [ #UFC325 | @DiegoLopesMMA ] pic.twitter.com/gCO9eetvpX — UFC (@ufc) February 1, 2026 Тој исто така накратко го нокаутира шампионот во четвртата рунда, кој успеа да стане. На крајот, Лопез се обиде да ризикува во петтата рунда, знаејќи дека мора да брка нокаут. Сепак, се чини дека се повредил на ногата кога во еден момент го удрил Волкановски во лактот. Шампионот сепак успеа да го контролира крајот на борбата, кога го фати својот ривал во незгоден стисок, а во таа прилика славеше на крајот, знаејќи дека ќе победи. Volkanovski taunting while putting his ahh on lopes face is crazy 😭 pic.twitter.com/NhPT83J1SA — Bones🦴 (@Boness305) February 1, 2026 Со оваа победа, Волкановски испиша историја, бидејќи се израмни со Бразилецот Хозе Алдо, со кого сега има осум победи во борби за титулата во перо категорија. Кога станува збор за другите борби, Беноа Сен Дени беше подобар од Ден Хукер во борбата за подтитула, додека Маурисио Рафи беше подобар од Рафаел Физиев, исто така во втората рунда.Тагови: Александар Волкановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!Не постои посилен аргумент од уште едно скандалозно бегство преку граница, како ова на Ива Михајлова, дека за иднината на Македонија времето е 12:05! Во последните 35 години од независноста до денес, на државните институции меѓу другите од правдата им “избегаа”, Драган Даравелски, Никола Груевски, Горан Грујовски, и Никола Бошковски од АНБ, Васко Ковачевски ЕСМ, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ обвинети за Монструм. Артан Груби и Прпарим Бајрами и се смееја на правдата покажувајќи дека можат да бегаат и да се враќаат кога сакаат. За сите овие скандалозни случаи никој не презема никаква институционална одговорност. Затоа, додека Македонија ја славеше 85 годишнината од Денот на антифашистичките востанија во Прилеп и Куманово, бугарска државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, преминувајќи ја слободно границата, го погази наследството што ни го оставија нашите предци кои ги дадоа животите борејќи се за Македонија да биде држава, а не “хотел промаја”. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени? Доколку Владата го демантира претходното, тогаш веднаш да признае и прогласи целосна институционална неспособност и да побара помош од меѓународни стратешки партнери, додека се уште не сме го загрозиле безвизниот режим со ЕУ и не сме го вклучиле алармот на НАТО Алијансата заради неодговорно управување со државните граници. Министрите за внатрешни, надворешни работи и правда веднаш да поднесат неотповикливи оставки. Конечно, ја повикуваме Европската Комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи. Во спротивно, заради ваквите настани, понижувања, режирање жртви на непостоечка дискриминација врз бугарски државјани, во Македонија расте внатрешниот притисок за отворање на прашањето за преиспитување на Договорот за добрососедски односи. Сочувствуваме и го делиме срамот со граѓаните и целокупната јавност за тоа што и се случува на Македонија. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Тагови: РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезонаОд денеска, два дена пред официјалниот почеток на грејната сезона, корисниците приклучени на системите за греење со кои управува ЕСМ, ќе добијат парно греење. Причината е најавената средна надворешна температура од 12 целзиусови степени.- Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи , за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °c, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на регулаторната комисија. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден – информира денеска ад ЕСМ.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?Фон дер Лајен го поздрави: „Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија.“ Црна Гора има 21 затворено поглавје од 33 и цел да ги заврши преговорите оваа година. Албанија оди напред. Бевме во иста група. Денес сме со Косово и Србија. Како Вучиќ што ја изолира Србија, така и Мицкоски, следејќи го примерот на својот ментор, ја изолира Македонија. Истата логика. Две работи го движат овој процес: рускиот интерес и стравот од соочување со Лаура Ковеши. Кандидатите мораат да соработуваат со европското обвинителство пред членството. Не после. Пред. Тогаш нема телефонски повици од кабинетот. Нема телевизиски настапи на кои се поставува и се сменува обвинител. Некој мора да одговара за пљачка на државата. За европски фондови. За тендери. За пет тони преку граница. За касата што се третира како плен. Арамијата тоа не го сака. Затоа реформите стојат. Вториот рок веќе истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас повеќе. Затоа патоказ добиваат други земји. Затоа вели „не по секоја цена“. Затоа споредби со Исланд, Ле Пен и војни, сè освен извештајот за правосудство и реформи. Затоа сателитите, ЗНАМ, Левица, Платформа ЗНАМ 2.0, на далечинско, за да дефокусираат. ЕУ носи правила. Закон за сите. Независни институции. Слобода на медиуми. Тоа касата на ВМРО-ОКГ не го поднесува. Затоа изолација. Затоа сме каде што сме, додека Црна Гора затвора поглавја и цели кон членство во 2028. СДСМ кажа ова уште пред изборите. Денес е на хартија. Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара пред независно судство и пред Европското јавно обвинителство, предводено од Лаура Ковеши. Македонија не е депонија за туѓи интереси. Македонија е држава што заслужува европски пат, а не ходник дипломатија, не дата-центри за туѓа дигитализација и антимон за трговците со оружје. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08