Вучиќ и Орбан го пуштија „Сокол“, најбрзиот воз на релација Белград- Нови Сад (ВИДЕО) - Канал 5

Вучиќ и Орбан го пуштија „Сокол“, најбрзиот воз на релација Белград- Нови Сад (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан свечено го пуштија во употреба делот на железничката пруга Белград-Нови Сад, во рамките на меѓународната пруга Белград-Будимпешта.

Вучиќ и Орбан го пуштија „Сокол“, најбрзиот воз на релација Белград- Нови Сад (ВИДЕО)

Одф утре првите патници ќе се возат со најмодерните возови во регионот.

- Не можам да ви опишам колку сум горд. За само 33 минути стигнавме од Белград во Нови Сад, соништата почнаа да се остваруваат. Драг пријателе Орбана, драги пријатели, драги луѓе, многу ви благодарам што дојдовте овде во голем број. Патувањето ни овозможува да го збогатиме нашето искуство, да уживаме и да се едуцираме, да научиме да ги почитуваме другите култури, да воспоставуваме пријателства, да придонесеме за меѓународна соработка и мир ширум светот - рече Вучиќ.

- Имав возен ред од пред десет години. Во тоа време возот од Белград до Нови Сад патувал час и четириесет минути. Повеќе или помалку, ако возот воопшто тргне на време. Србија денеска ја става во функција најмодерната европска железничка делница.“

Вучиќ истакна дека денеска е договорена една важна работа меѓу Србија и Унгарија.

YouTube video

- Орбан џентлменски зборуваше дека најмногу сум придонел за градење на ова пријателство меѓу Унгарија и Србија. Вистина е дека Виктор Орбан најмногу придонел за создавање братски односи меѓу Србите и Унгарците. Денес, кога Унгарија игра европски натпревар, со сето срце навиваме за Унгарците. Тие се наши пријатели и наши браќа. Им благодарам на нашите унгарски пријатели и ве известувам, секогаш кога е тешко, кога другите ги спуштаат главите и во Брисел и на други места, нашите унгарски пријатели стануваат и не поддржуваат. Денеска се договоривме за една важна работа - што било да се случи во оваа криза, Србија ќе биде таа што ќе и понуди што било и обратно, така се гради пријателството и јас сум горд на тоа. Горд сум на вас, граѓаните на Србија и Нови Сад, ние денес градиме историја. Благодарение на вас, денес имаме брза железница и прекрасни возови.

Инаку, повеќе од 10 илјади луѓе ги пречекаа претседателот на Србија и унгарскиот премиер, објави Курир..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)

Доналд и Меланија Трамп беа домаќини на деца за традиционалното давање слатки за Ноќта на вештерките во Белата куќа, а меѓу гостите имаше две деца во контроверзни костими. 

Доналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)

Претседателската двојка топло пречека едно момче облечено во руска воена униформа и едно девојче во руска народна носија.

Воени обележја и традиционална носија

Момчето носеше камуфлажна јакна со обележја на тенковска единица и капа со советска воена значка, на која имаше срп и чекан. Девојчето што го придружуваше беше облечено во сарафан, руска народна носија со цветен дезен, и носеше традиционална лента за глава.

Меланија Трамп се насмевна додека ја местеше шапката на момчето, а потоа двете деца добија бомбони од претседателската двојка.

Сцена среде војната

Настанот, на кој присуствуваа претежно семејства на војници и државни службеници, се одржа додека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови.

Поради ова, сцената привлече критики како нечувствителна кон жртвите на советскиот режим и тековната војна во Украина. Посебно внимание привлече реакцијата на Меланија Трамп, која насмеаному ја намести капата со советски симбол на момчето.

Официјалниот пренос од Белата куќа го сними моментот без понатамошни коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800

Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.

Драма на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800

Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“.

Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации.

Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит.

Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа.

Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр

Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.

Цариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр

Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини.

Идентификувани се два вида

При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени.

IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра).

Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори.

Важна улога во екосистемот

Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт.

Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација.

Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер