Демонстрантите предводени од лидерите на опозициската коалиција Сојуз за Србија , Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас влетаа во кордонот на специјалците во обид да ја пробијат оградата пред зградата на претседателството.
Тие се обидуваат пред зградата да постават камион од каде ќе му се обратат на Вучиќ. Од таму ќе се обрати Зоран Лутовац, претседател на Демократската партија.
На прес конференцијата , на која не смееја да влезат претставници на опозицијата , Вучиќ ги нарече лидерите на опозицијата ,,тирани и тајкуни" , кои го ограбиле сопствениот народ .