Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
1Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
2ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
3СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог
Други спортовиВтора фаза од подготовките на македонската одбојкарска репрезентација Македонската одбојкарска репрезентација дваесетина дена се наоѓа во тренажен процес за настапите во Европската лига.Лани во ова натпреварување Македонија играше во полуфиналето (загуби од Црна Гора). Избраниците на селекторот Жарко Ристоски по првата фаза и седумдневните подготовки во Маврово, сега тренира во Скопје. - Во втората фаза се работи на тактичко-техничка подготовка. Играчите се максимално ангажирани, добро се работи. Но, во третата фаза се соочуваме и со проблем бидејќи немаме адекватен противник. Сите репрезентации што не опкружуваат имаат настапи во Светската лига. Очекувам потврден одговор деновиве и да имаме можност да одиграме неколку натпревари, изјави селекторот Жарко Ристоски. Оваа сезона Македонија е во групата А заедно со Полска (светски првак), Естонија, Израел, Данска и Австрија. - Групата е потешка од лани. Полска е светски шампион и со кој било состав да игра е фаворит. Истото важи и за Естонија, која пред десетина дена се пласира на Европското првенство. Токму против овие две селекции и ќе играме на гости. Нашата шанса е тоа што против другите три репрезентации играме дома (се играат по два натпревара). Со победи на домашните шест натпревари можеме да освоиме доволен број бодови за да го повториме ланскиот резултат. Македонија во првото коло е слободна, а првите два дуела ги игра на гости против Естонија (10 и 11 јули), потоа следуваат дуелите на домашен терен (СЦ „Борис Трајковски“): Израел (18 и 19 јули); Данска (25 и 26 јули); Австрија (31 јули и 1.август) и во последното коло е гостувањето кај Полска (7 и 8 август). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој преминИва Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија.Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи објави бугарската БТВ., Михаилова изјави дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми вели таа и додава дека на границата ја покажала македонска лична карта. Таа меѓу другото изјави дека се чувствува безбедно во Бугарија , а се жалеше дека во Македонија била репресирана поради бугарското потекло и според неа тоа било и една од причините зошто била обвинета “,вели Михаилова за БТВ. На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.Нејзиниот адвокат одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале. Во меѓувреме, од бугарското министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.Се уште нема информација и од македонското мвр како Ива Михаилова ја преминала границата со оглед на тоа што ѝ се одземени личните документи, како и преку кој граничен премин ја напуштила државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Акал ќебапВо понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино ВеличковскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. јагнешки мозок 500 гр. јагнешко месо 500 гр. јагнешка марамица 1 главица кромид 1 чешне лук масло сол, шарена сол и др. зачини по избор Бешамел сос за премачкување Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минутиЕден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции. Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди. Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен. COACH JOKER 🃏 After dropping a triple-double in 3 quarters of play (22p, 11r, 10a), Nikola Jokić remained locked in on the bench to help guide his team down the stretch! The @nuggets pick up the preseason win 👏 https://t.co/HIVQcapvsE — NBA (@NBA) October 12, 2026 Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле. Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата. Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона. Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter