Иванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите
1Иванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите
МакедонијаВтор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на буџетотСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на буџетот.На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за изградба на објекти за армијата.поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 87 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од „ВРЕДИ“. Ребалансот, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, не е резултат на недостигот на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните глобални економски услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатитеМакедонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите, завршени експресните Градско-Фариш, Страцин-Крива Паланка, подготовки за Кочани-Делчево и Струмица-Радовиш.Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот. Како никогаш до сега во поновата историја на државата се случува голем бум на градежништво, како еден од главните драјвери на економскиот развој, се градат патишта, автопатишта, експресни патиштата. Тоа го потврдуваат и од последните податоци на Државниот завод за статистика, кои велат дека за месец април имаме исклучително висок степен на реализација на капитални проекти што е за речиси една третина подобар за истиот месец од лани. Ваквиот градежен бум се должи на две години интензивна, посветена и макотрпна работа на Владата за изнаоѓање на решенија, решавање на наследени и тековни проблеми, инвестиции кои ја развиваат економијата и го подобруваат животот на сите граѓани во Република Македонија. Интензивно се работи на завршување на останатиот дел од автопатот Кичево-Охрид, од кој 37 километри се пуштени во употреба и граѓаните веќе ги користат. Следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, со што веќе се обезбедени средства, избрани се консултантот и изведувачот, кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Албанија и во Црна Гора. Сериозен прогрес на градежните работи има и на автопатиштата од Коридорот 8 и 10Д. Со изведувачот е постигната нова динамика за изградба на автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола. Забрзани се постапките за експропријација и решени се преку 2500 постапки, остануваат уште мал број на постапки да се дорешат. Се поништи одлуката на претходната Влада за изградба на тунел на трасата Гостивар-Букојчани со што заштедени се 252 милиони евра во Буџетот, додека на делницата Прилеп-Битола веќе од следната година очекуваме да се вози по едната лента. Тука се и експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш за кои почнаа подготовките за нивна изградба. Тоа се проекти кои со години се ветувани и никој до сега, ниедна власт не направи ништо за изградба на овие патишта. Кога сме кај експресните патишта не смееме да ги заборавиме Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка кој е дел од Коридорот 8, кои по долги години застој, Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги заврши и ги пушти во употреба. Се инвестира и се гради во секој дел од државата, инфраструктурно се развиваме насекаде, со крајна цел, исполнување на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот. Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Олимписки игриРусија се врати во олимпиското семејствоМеѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија. Русија се врати во олимпиското семејство .Меѓународниот олимписки комитет денеска објави дека привремено ја укинал суспензијата на Рускиот олимписки комитет, како и дека препораките до меѓународните спортски федерации во врска со учеството на руските спортисти повеќе не се во сила. „Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше на сила од 12 октомври 2023 година. Одлуката е донесена по детална анализа на Комисијата за правни прашања, со оглед на тоа што Рускиот олимписки комитет повеќе нема регионални спортски организации меѓу своите членки од териториите што се под јурисдикција на Олимпискиот комитет на Украина. Покрај тоа, Рускиот олимписки комитет потврди дека не спроведува и нема да спроведува никакви активности на тие територии“, соопштија од Комитетот. Се додава дека Извршниот одбор ќе продолжи да ја следи ситуацијата во врска со можните активности на Олимпискиот комитет на Русија на спорните територии и го задржува правото да преземе дополнителни мерки доколку оцени дека тоа е неопходно. Меѓународниот олимписки комитет истакна дека не го променил својот став и продолжува да ја осудува руската инвазија врз Украина. „Овој став останува непроменет. Во поширока смисла, комитетот ги осудува војните, вооружените конфликти и насилството што предизвикуваат човечко страдање, каде и да се случуваат. Во време на растечка нестабилност и поделби низ светот, организацијата останува посветена на промовирање на мирот преку спортот меѓу луѓето и нациите“, изјавија од Лозана. Во соопштението се нагласува дека Меѓународниот олимписки комитет останува солидарен со олимписката заедница на Украина, која олимпиското движење ја поддржува уште од почетокот на војната и ќе продолжи да го прави тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во АеродромРасчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители.СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook