МакедонијаПомали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банкаПомали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош.Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош, откако средствата од Министерството за социјална политика вчера биле префрлени на сметките во банката. Шесте шалтери работат во две смени, вклучително и утре. Од банката најавуваат дека од следната недела ќе започне шалтерска исплата и во другите градови каде што има најголем број клиенти. Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски најави средби со потенцијални купувачи на банката, заедно со гувернерот Славески и министерката за финансии Кочоска. Тој повторно уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат обештетени до последниот денар. Според него посериозен проблем е нарушената трговска соработка со Србија, бидејќи македонски компании веќе се соочуваале со проблеми со српските партнери чии сметки се блокирани во затворената банка во Србија. -Народната банка и Владата имаат свои инструменти и со помош на тие инструменти целосно ја контролираме состојбата, така што тука нема апсолутно простор за грижа. Целта е да се спаси, бидејќи навистина станува збор за здрава финансиска институција,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Од СДСМ повторно обвинија дека Владата на седница во септември минатата година донела заклучоци поврзани со понудата на АЛТА банка за преземање акции од 16 јавни институции, со што според нив, му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции. Мицкоски уште вчера ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека државните претпријатија имале удел од околу два до три проценти, за кои Владата по локалните избори лани им препорачала да ги понудат акциите на новиот сосптвеник, доколку е заинтересиран. -Трајко Славевски вели имало консултации, Кочоска вели немало и не била информирана. Штом зинат, лажат. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во Владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот,- Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. -Откако ја добивме информацијата дека акционерите ги продале своите акции на новиот сопственик и дека тие акции се повеќе од 80,90% немаше повеќе смисла ние да остануваме сопственици во новото друштво со 2,3% и веднаш по завршувањето на локалните избори во 2025 донесовме на Влада одлука со која што им препорачавме на прептријатијата да ги понудат тие акции доколку е заинтересиран сопственикот да ги купи,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Во меѓувреме, тече рокот од 21 ден за тројцата привремени администратори, кои откако на 1 ноември го презедоа управувањето со банката, треба да ја утврдат нејзината состојба, а потоа да достават извештај до Народната банка. По ова, како што кажа Мицкоски вчера, има две опции – или да се најде нов сопственик или банката да оди во стечај, но и во двата слуѕачи уверува дека нема да има оштетени. Тагови: Алта банка Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПознат е идентитетот на младиот човек, кој се запали во центарот на Варшава Украинецот кој се самозапали вчера пред Претседателската палата во Варшава побара на украинските граѓани во Полска да им се гарантираат истите права како и на полските граѓани.Станува збор за 22-годишен украински државјанин, Едвард, студент на Варшавскиот технички универзитет, пишува Украинска правда. Тој пристигнал пред Претседателската палата со ранец во кој имало запалива течност и неговите документи. Со овој чин, тој сакал да побара украинските граѓани во Полска да имаат ист третман како и Полјаците. Првите информации велат дека носел транспарент или хартија на која веројатно ги објаснил причините за својот протест, но точната содржина на пораката сè уште не е позната. Состојба на повредениот Младиот човек претрпел тешки изгореници на лицето, вратот, рацете и торзото, а облеката му била целосно изгорена. Бил свесен кога пристигнала брзата помош. Бил пренесен во болницата на улицата Сасеров во Варшава, во Воено-медицинскиот институт. Портпаролот на Институтот, Мариуш Ѓереј, утрово потврди за весникот „Факт“ дека младиот човек е жив. Украинското Министерство за надворешни работи објави дека жртвата најверојатно е украински државјанин и дека полските власти спроведуваат конечна постапка за потврдување на идентитетот.Тагови: Варшава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСе снима филм за животот на Зинедин Зидан Снимањето на биографскиот филм за поранешниот француски фудбалер и актуелен селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан, под работен наслов „Un Destin“ (Судбина), треба да започне во јануари 2027 година во Марсеј и неговата околина.Филмот ќе го следи животот и кариерата на еден од најпознатите светски фудбалери, од неговото детство во областа Кастелане во Марсеј, освојувајќи ја Златната топка и титулата светски шампион во 1998 година, сè до неговиот успех со Реал Мадрид. Филмот ќе ги опфати и настаните од Светското првенство во 2006 година, вклучувајќи го и неславниот инцидент во финалето кога Зидан со глава го удри италијанскиот играч Марко Матераци. Аудициите се во тек Според француските медиуми, аудициите веќе се во тек, продукцијата бара актери за улогите на членовите на семејството со потекло од Кабиле, домородните северноафрикански бербери, млади фудбалери и истакнати личности од светот на францускиот фудбал, меѓу кои Бернар Тапи, Аме Жаке, Биксенте Лизаразу и Кристоф Дугари. Режисер на филмот се очекува да биде Али Бугераба, 50-годишен режисер со алжирско потекло, кој во младоста тренирал во младинската академија на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј. Зидан (54) неодамна започна нова фаза од кариерата како селектор на француската репрезентација, а следните натпревари на неговиот тим се закажани за март, кога на 25 и 28 март во четврт-финалето на Лигата на нации ќе ги одмерат силите со актуелниот светски првак, Шпанците.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЗабаваЕмили Ратајковски провоцира во чипкасто боди со деколте до половината (ФОТО)Емили Ратајковски повторно покажа дека не се плаши од впечатливи модни комбинации. Моделот сподели серија фотографии од вечерно излегување во Њујорк на Инстаграм, а со нив накратко изјави дека сака да го врати Тамблер. Нејзиниот аутфит навистина има малку носталгична естетика популарна на таа платформа, со допир на смелост и малку алтернативен гламур. Чипканото боди во преден план Црното чипкано боди со особено длабоко деколте кое достигнува речиси до половината привлече најголемо внимание. Проѕирната чипка, тенки ремени и многу отворено деколте го прават едно од оние парчиња што не остануваат незабележани. Исто така е многу отворено на задниот дел, со тенки ремени и детали од чипка кои дополнително ја нагласуваат неговата сензуална естетика. Со него, таа носеше впечатлива кожна здолниште во жолто-зелена нијанса, миди крој и со висок шлиц напред. Комбинацијата ја надополни со кратка јакна и високи чизми во темноцрвена, односно бордо нијанса. Посебен детаљ беше мала чанта со дезен од кравји дезени, која ја носеше преку рамо. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) Целиот аутфит изгледа како комбинација од естетика од почетокот на 2000-тите и смела вечерна облека, и токму оваа комбинација од парчиња и детали ја одбележа модната сцена од ерата на Tumblr. Се чини дека Емили решила со својот аутфит да ја покаже својата желба да се врати на таа естетика.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39