Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
МакедонијаВрховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во СкопјеВрховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје.Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на регионалните планови, учеството во составот на истурените копнени сили на НАТО, како и во мисијата КФОР ги оцени како извонредни, а истите се резултат на нашата посветеност, на модернизацијата и исполнувањето на поставените цели за развој на способностите. Генералот Гринкевич во своето обраќање упати и порака: „Сите заедно мора да бидеме подготвени. Мора напорно да се обучувате. Мора да ги проучувате војните од денешницата и минатото за да бидете подготвени за конфликтите на иднината. Мора да размислувате за промените во карактерот на војувањето што ги гледаме на современото бојно поле и да се приспособувате на новите реалности со кои би можеле заеднички да се соочиме на некое идно бојно поле“. Навраќајќи се на нашето членство во Алијансата, генералот Гринкевич нагласи „јас исклучително сум горд што служиме заедно“. Во рамките на посетата Генералот Гринкевич имаше можност непосредно да се запознае со вооружувањето, опремата и средствата со кои располага Армијата, како и да проследи тактички вежби, со што се увери во подготвеноста на армиските припадници при изведување на борбени дејствија во сложени и динамични средини против различен непријател. За време на заедничките изјави за медиумите, генералот Лафчиски го истакна задоволството од посетата, истакнувајќи „Оваа посета претставува уште една потврда за нашата јасна определба кон одбраната на заедничките вредности и довербата која ја градиме во рамките на Алијансата. За нас, членството во Алијансата не е само безбедносна гаранција, туку и обврска активно да придонесуваме кон колективната одбрана и стабилноста на евроатлантскиот простор.“ Генералот Лафчиски наведе и дека „Македонската Армија денес е модерна, добро опремена и високо обучена. Ова не е само наше видување, туку тоа претставува објективна и потврдена оцена, добиена преку серија на ригорозни проверки на персоналот, опремата и процедурите“. „Аргумент за ова е НАТО оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група, во рамките на вежбата БЛЕСОК 26, како и НАТО оценувањето на Борбените елементи за специјални операции“, додаде генералот Лафчиски. Генералот Гринкевич во обраќањето пред медиумите истакна „Република Македонија е високо ценет сојузник“, додавајќи дека нашата држава има клучна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан – регион од стратешко значење за Алијанса. Во оваа прилика генералот Гринкевич се заблагодари и за македонскиот придонес во мисисите предводени од НАТО во КФОР и на нејзиното источно крило. Со денешната активност во касарната „Илинден“ во Скопје, на која присуствуваа генерали на Армијата, високи претставници од НАТО, како и команданти на команди и единици на Армијата се заврши официјалната посета на врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа на Армијата. Посетата претставува уште една потврда за силниот придонес на нашата држава во колективната одбрана на Алијансата, како и нашата заложба и придонес во регионалната и колективната безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook