Шоу бизВозејќи се со својот автомобил не сфатија која е девојката во возилото покрај нив (видео)Кога ја видоа, останаа без зборови!Познатите ѕвезди предизвикуваат внимание каде и да се појават. Иако честопати се смета дека создаваат култ од личноста и тешко може да им се пријде и да се поразговара со нив, се чини дека тоа полека се менува. Во прилог на ова е неодамнешната снимка објавена од фановите на познатата музичка ѕвезда Лејди Гага, која разговара со едни момчиња додека чекаат зелено светло на семафорот. На снимката тие ја прашуваат каде тргнала. - Никаде, тргнав на работа - со насмевка одговара познатата пејачка. - А, со што се занимаваш? – дофрлаат момците од соседната кола. Откако пејачката сфаќа дека момците не ја препознаваат, решила да ја игра „играта“ до крај и да не им се открива, и вели дека е танчарка. На момците девојката им се виде интересна, па се обидуваат да стапат во контакт со неа, но се претпоставува дека сè завршило со тој краток разговор. Ова ги воодушеви нејзините фанови ширум светот кои потврдија дека Гага е навистина приземна девојка и затоа обожавателите ја сакаат. @chromaticaballgaga GAGA! #gaga #car #ladygaga #fyp ♬ original sound - Lady Gaga - Таа е толку симпатична, како нормална девојка – - Таа секогаш изгледа различно и има толку многу стилови што не е чудно човек да се збуни - - Тие се шегуваа? - коментираат корисниците на мрежата. И додека едни веруваа дека момците само се шегувале, но многу добро знаеле за кого станува збор, повеќето изјавиле дека Лејди Гага е „мајстор“ за камуфлажа, па најверојатно ѝ успеало да ги „излаже“ момците. Повеќето корисници на мрежата беа воодушевени од спонтаноста и опуштеноста на Гага, како и од нејзиниот ведар дух со кој зрачи, истакнувајќи дека нејзината харизма е неодолива без оглед како изгледа. Лејди Гага на пошироката јавност ѝ е позната по својата спонтаност и нормално однесување на црвениот тепих, кога на многу премиери им помогнала на своите колеги и на луѓето од околината кои се нашле во непријатни ситуации, неразмислувајќи дали во тој момент се наоѓа пред камерите кои ја следат во чекор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Македонија Весна Јаневска во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Весна ЈаневскаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми. Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството. Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем. Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот. Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа. Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата. Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизОткриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun). Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд. Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера. Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“. Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година. Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook